1Зборови на проповедникот, син Давидов, цар израилски.
22,11.17; 11,8; Пс 61,9; Рим 8,20Суета над суетите, вели проповедникот, суета над суетите – сѐ е суета!
32,20.22; 5,17; 9,9Каква е ползата за човекот од сите негови трудови, со кои се труди под сонцето?
4Сир 14,18Род еден си заминува, и род друг доаѓа, а земјата останува засекогаш.
5Сонцето изгрева и заоѓа, и пак брза кон местото свое, од каде што изгрева.
6Ветрот вее кон југ и се врти кон север, се врти, се врти во својот пат и пак ги почнува своите вртења во круг.
7Сир 40,11Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува: тие одново се враќаат кон она место, од каде што потекуваат, за да течат одново.
8Секоја работа бара труд: човекот не може сѐ да искаже; окото не се наситува од гледање, ниту увото може да се наслуша.
92,12; 3,15Она што било, пак ќе биде, и она што се правело, пак ќе се прави – нема ништо ново под сонцето.
10И ако за нешто се рече: „Види, ете, тоа е ново“; но тоа веќе било во текот на вековите, што биле пред нас.
112,16Нема спомен за минатото; па и за тоа, што ќе биде подоцна нема да остане спомен кај оние што ќе дојдат.
Искуството на проповедникот12 2,9 Јас, проповедник, бев цар над Израил во Ерусалим;
133,10; 7,25; 8,16и го управив срцето свое да истражува и да испитува преку мудроста сѐ, што станува под небото; таа тешка задача им ја даде Бог на синовите човечки, за да се занимаваат со неа.
142,11.17.26Ги видов сите работи, што се вршат на земјата, и ете – сѐ е суета и мака за духот.
154,4.6.16; 6,9; 7,13Кривото не може да се исправи, и она, што го нема не може да се брои.
1612,9; 3 Цар 3,12; 5,9-10; 10,1-13.23-24; Сир 47,14-17Си велев во срцето свое: „Еве, јас се воздигнав и се здобив со мудрост повеќе од сите, што беа пред мене над Ерусалим, и срцето мое виде многу мудрост и знаење.“
17И го насочив срцето свое да ја познае мудроста, да ги познае безумието и глупоста; но разбрав дека и тоа е мачно за духот;
18зашто при големата мудрост големо е и тагата, и кој умножува знаење, умножува и мака.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
