1 1 Мојс 3,16-19; Јов 1,21; 7,1-5; 14,1-2 Многу неволји имаат луѓето, тежок е товарот на синовите Адамови – од денот кога ќе излезат од утробата на мајката до денот кога ќе се вратат при мајката на сите.
2Чекањето на смртта и на нејзиниот ден предизвикува во нив размислување и страв во срцето.
3Почнувајќи од оној што седи на престол славен, до оној што седи во прав и пепел;
4Мудр 14,25-26од оние што носат круна и порфир, до оние што се облечени во партали; –
55 Мојс 28,65-67; Јов 7,4; Проп 2,23; 8,16секој има гнев и завист, неволја и немир, страв од смртта, омраза и расправии, ноќниот сон умот му го поматува.
6Малку спокојство или сосем нема мир; и дење и ноќе тој е како на стража.
7Бидејќи збунет од своите срдечни мисли, тој е како бегалец од бојното поле, во страв се буди и кога опасност нема, се чуди на својот страв без причина.
8Ова станува со секое суштество, од човек до добиток, но кај грешниците е седумпати повеќе.
939,29-30; Ис 51,19; Ез 5,16-17Смрт и убиство, караници и меч, неволји и глад, пропаст и удари –
1039,25-29; 1 Мојс 6,5-7сето ова е создадено за грешниците; и потопот беше за нив.
1141,10; 1 Мојс 3,19; Пс 145,4; Проп 1,7Сѐ што е од земја – во земја се враќа, а сѐ што е од вода – во море оди.
Крајот на неправдите12 20,29; Изреки 15,27 Поткупот и неправдата гинат, а верноста ќе трае довека.
13Имотот на грешниците ќе пресуши како поток, ќе прегрми како силна грмотевица при пороен дожд.
14Кој штедро дава, тој се радува; престапниците конечно ќе загинат.
1523,25; Јов 18,16; Мудр 4,3Потомците на безбожните нема да пуштат фиданки, зашто нечистите корења се врз стрмна карпа.
16Јов 8,11-12Трска што расте крај брегот на секоја вода, се коси пред секоја друга трева.
1740,27Добротворството е полно со благослов, а милостината довека живее.
Добро и подобро18 Мт 13,44 Животот на задоволниот со својата работа и на работникот сладок е, но посладок е на оној од обајцата што нашол богатство.
19Децата и градењето на нов град името го овековечуваат, но чесната жена стои повисоко и од едното и од другото.
2031,27-28; 32,3-6; Пс 103,15Виното и музиката го веселат срцето, но подобро и од едното и од другото е љубовта кон мудроста.
21Кавалот и гуслето песната ја сладат, но подобар од нив е пријатниот јазик.
22Очите копнеат по пријатност и убавина, а уште повеќе по зелените полиња.
2325,1Пријател и другар се среќаваат одвреме навреме, а мажот и жената секогаш се заедно.
2429,8; Изреки 17,17Браќата и пријателите помагаат во неволја, но милостината и од едните и од другите подобро помага.
25Златото и среброто цврст го прават чекорот, но добриот совет и од нив подобро го зацврстува.
261,11-20; 6,16-17; Изреки 10,27Богатството и силата го издигнуваат срцето, но повисоко го издигнува стравот од Господа.
27Во страхопочитта кон Господа недостиг нема; кога Него Го имаме, друга помош не треба да бараме.
2840,17Страхопочитта кон Господа е како благословен рај; таа му е заштита поголема од секаква слава.
Не живеј од просење29 30,17 Синко мој, не живеј од просење; подобро е да умреш отколку да молиш за милостина.
3029,22-28Тој што на туѓа трпеза гледа – неговиот живот не е живот; со туѓи јадења својата душа ја понижува;
31разумниот и воспитаниот ќе го одбегнува тоа.
32Јов 20,14Во устата на бесрамниот питачката е слатка, но во утробата гори како оган.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.