1 Царства 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Навал одбива да му помогне на Давид

1 ; зашто, како што му е името, таков е и тој: Навал му е името, и безумието е со него. А јас, твојата робинка, не ги видов слугите на мојот господар што си ги испратил.

2625,31.33; 2 Цар 18,32; Евр 10,30И сега, господаре мој, ти се колнам во Господ и во душата твоја! Господ нема да дозволи да пролеваш крв, а ќе ја задржи раката твоја да не се одмаздуваш; и сега нека бидат како Навал твоите непријатели и овие, кои мислеа лошо против мојот господар.

271 Мојс 33,11; 4 Цар 5,15; 2 Кор 9,5Еве ги даровите што робинката тво­ја му ги донесе на својот господар за да им се разделат на момците, кои му слу­жат на мојот господар.

282,35; 2 Цар 7,16; 3 Цар 11,38Прости ѝ ја вината на робинката своја; Господ бездруго ќе подигне за мојот господар цврст дом, зашто мојот господар води Господови војни, и во текот на целиот живот твој зло нема да се најде во тебе.

29Ако човекот стане да те гони и да ја бара душата твоја, тогаш душата на мо­јот господар ќе биде сврзана со јазелот на животот кај Господ, твојот Бог, а душата на твоите непријатели Тој ќе ја отфрли како од праќа.

3013,14И кога Господ постапи со мојот господар според сето добро што го го­во­реше за тебе, и те постави за водач на Израил,

31за срцето на мојот господар тоа нема да биде огорченост и неспокојство, зашто пролеал напразно крв, и зашто си се спасил. Господ ќе му направи доб­ро на мојот господар, и ти ќе си спом­неш за робинката своја (и ќе ѝ напра­виш добрина).“

32А Давид ѝ рече на Авигеја: „Благо­словен Господ, Бог Израилев, Кој те испрати денес во пресрет мој,

33и благословен да биде твојот разум и благословена да бидеш ти, поради тоа што сега не ме остави да пролевам крв и да се одмаздам за себеси.

3425,22; 3 Цар 14,10; 4 Цар 9,8Но, – се колнам во Господ, Бог Из­раилев, кој ме задржа да не ти направам зло, – ако не побрзаше и ако не ми дојдеше во пресрет, тогаш утре до разденување јас немаше да му оставам на Навал ниту едно суштество што мокри покрај ѕид.“

3520,42; 1 Мојс 19,21; 4 Цар 5,19Тогаш Давид го зеде од рацете нејзини она што му го беше донела, и ѝ рече: „Оди си со мир во домот свој; ете, го послушав гласот твој и го почитав лицето твое.“

Смртта на Навал. Давид се жени со Авигеја

36 2 Цар 13,23 Авигеја дојде кај Навал, и ете, кај него во домот негов гоштевање како царска гозба, и срцето на Навал беше весело; тој беше многу пијан; затоа таа ништо не проговори, ни многу, ни мал­ку, до изутрината.

37А изутрината, кога Навал се ис­трезни, и жената негова му раскажа за тоа, срцето негово замре, и тој стана како камен.

38По десет дена Господ го удри Навал, и тој умре.

3924,16; Суд 9,57; 3 Цар 2,44Кога Давид слушна дека Навал умрел, и рече: „Благословен да е Гос­под, Кој врати за срамот што ми го на­несе Навал, и Кој го зачува Својот слуга од зло; Господ ја сврте злобата на Навал врз неговата глава.“ И Давид испрати да ѝ кажат на Авигеја дека тој ќе ја земе за жена.

40И Давидовите слуги дојдоа кај Авигеја на Кармил и ѝ рекоа вака: „Да­вид нѐ испрати кај тебе за да те земеме да му бидеш жена.“

41Рута 2,10Таа стана и се поклони ничкум до земјата и рече: „Ете, робинката твоја е готова да биде слугинка за да ги мие нозете на слугите на мојот господар.“

421 Мојс 24,61-67Авигеја се подготви набрзина, седна на магаре и, придружена од пет слугинки, тргна по известувачите на Давид и стана негова жена.

4327,3; 30,5; 2 Цар 3,2А Давид ја зеде и Ахиноам од Јизреел, та и двете му беа жени.

442 Цар 3,13-16Саул, пак, му ја даде ќерка си Ми­хала, Давидовата жена, на Палтиј, синот на Лаис, од Галим.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help