Еремија 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Седумдеесет години прогонство

1Слово што дојде до Еремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, си­нот Јошиев. Тоа беше првата година на вавилонскиот цар Навуходоносор,

2кое пророкот Еремија го изрече пред сиот јудејски народ и пред сите ерусалимски жители, велејќи:

3од тринаесеттата година на јудеј­ски­от цар Јошија, синот Амонов, па до де­нес, ете веќе дваесет и три години, до­а­ѓа до мене слово Господово, и јас од ра­но утро ви зборував, но вие не послу­шавте.

426,5Господ ги праќаше кај вас сите Свои слуги – пророците, од рано утро ги ис­праќаше, и вие не послушавте и не го наклонивте увото свое за да слушате.

535,15Тие ви велеа: „Отклонете се секој од својот лош пат и од своите лоши дела и живејте во земјата, која Господ ви ја да­де вам и на вашите татковци од векот довека;

67,6.18и не одете по други богови, за да им служите и да им се поклонувате, и не разгневувајте Ме со делата на рацете свои, па нема да ви направам зло.“

732,29; 5 Мојс 31,29Но вие не Ме послушавте, вели Гос­под, и Ме разгневувавте со делата на рацете свои, за свое зло.

8Затоа, така вели Господ Саваот: по­ради тоа што не ги послушавте збо­ро­вите Мои,

9еве, Јас ќе пратам и ќе ги земам сите северни племиња, вели Господ, и ќе ис­пратам до вавилонскиот цар Наву­хо­до­носор, Мојот слуга, и ќе ги доведам против оваа земја и против жителите нејзини и против сите соседни народи; и наполно ќе ги истребам и ќе ги на­пра­вам за ужас, за потсмев и за вечна пус­тош.

1016,9; 33,11И ќе ги прекратам во нив гласот на радоста и гласот на веселбата, гласот на младоженецот и гласот на невестата, звукот од воденичниот камен и светлината од светилото.

11И целата таа земја ќе стане пустина и ужас; и тие народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години.

1229,10; 2 Лет 36,21А кога ќе се исполнат седумдесетте години, ќе го казнам вавилонскиот цар и оној народ, вели Господ, за нивното беззаконие, и земјата Халдејска ќе ја направам вечна пустина.

13И ќе ги исполнам над таа земја сите Мои зборови, што ги реков против неа, сѐ што е напишано во оваа книга, што Еремија пророчки го кажа против тие народи.

1417,10; Пс 27,4; 61,12Зашто и нив ќе ги поробат мно­гу­бројните народи и големи цареви. И Јас ќе им платам според нивните постапки и според делата на рацете нивни.

Божјиот гнев

15Зашто така ми рече Господ, Бог Израилев: земи ја од раката Моја оваа чаша со вино од јарост и напој ги од неа сите народи, кај кои ќе те пратам.

1625,27; 50,35-37И тие ќе пијат, и нека се смутат и избезумат, кога ќе го видат мечот, што ќе го пратам против нив.

17Ја зедов чашата од раката Гос­по­до­ва и ги напоив од неа сите народи, кај кои Господ ме прати:

18Ерусалим и градовите јудејски, и царевите негови, и кнезовите негови, за да ги опустошам и направам ужас, пот­смев и проклетство, како што се гледа сега;

19фараонот, египетскиот цар, слугите негови, кнезовите негови и сиот народ негов;

20сиот измешан народ, и сите цареви на земјата Уц, и сите цареви на земјата филистејска, Ашкелон и Газа, Екрон и другите делови на Ашдод,

21Едом, Моав и Амоновите синови,

22сите цареви на Тир и сите цареви на Сидон, царевите над островите, што се наоѓаат отаде морето,

23Дедан, Тема, Буз и сите што ги бри­чат главите свои,

24сите цареви на Арабија и сите цареви на народите од разни племиња, кои живеат во пустината,

25сите цареви на Замвриј и сите цареви на Елам, сите цареви на Мидија,

26Наум 3,11сите цареви на север, блиски и да­лечни, и сите земни царства што постојат на земјата, а царот на Шешах ќе пие по нив.

2751,64Па кажи им: вака вели Господ Са­ваот, Бог Израилев – пијте и опијте се, повраќајте и паднете, и не станувајте, кога ќе го видите мечот, што ќе го ис­пратам против вас.

28Ако се откажат, пак, да пијат од ча­шата од раката твоја, тогаш кажи им: вака вели Господ Саваот – морате да пи­ете.

2925,38; 47,6-7Зашто, еве, на овој град, над кој се призива името Мое, почнувам да му нанесувам зло; па зар вие ќе останете неказнети? Не, нема да останете не­каз­нети; бидејќи Јас повикувам меч против сите, што живеат на земјата, вели Гос­под Саваот.

30Јоил 3,16; Амос 1,2Затоа пророкувај им ги сите овие зборови и кажи им: Господ ќе загрми од висините и од Своето свето жи­ве­а­лиш­те; ќе издигне глас, ќе загрми страшно против својот насад; како оние што гме­чат грозје, ќе извика против сите, што живеат по земјата.

31Ос 4,1; Пс 49,6Писок ќе одекнува по сите краишта земни, бидејќи Господ им суди на сите народи: Тој ќе му суди на секое тело, а нечесните ќе ги предаде на меч, вели Господ.

Навестување на зло

32Така вели Господ Саваот – ете, зло­то ќе мине од народ кон народ, и голем виор ќе се подигне од краиштата земни.

33Ис 66,16А во оној ден ќе има погубени од Господ од едниот крај на земјата до другиот; тие нема да бидат оплакани, ниту прибрани, ниту погребани, туку ќе би­дат како ѓубре по земјата.

Казна за Јудејските водачи

34 6,3 Плачете пастири, и офкајте, по­си­пете се со пепел, водачи на стадото; зашто дојдоа деновите ваши, да бидете заклани и расфрлани, па ќе паднете ка­ко скапоцен сад.

35Амос 2,14И не ќе има прибежиште за пас­ти­рите и спас за водачите на стадото.

36Ќе се слуша пискот од пастирите и плач од водачите на стадото, бидејќи Господ ќе ги опустоши пасиштата нив­ни.

37Пс 93,17Јароста на гневот Господов ќе ги истреби мирните трла.

3849,19; 4,26; 25,16.29Како лав го остави живеалиштето Свое; а земјата им стана пустина од ја­роста на пустошникот и од Неговиот огнен гнев.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help