Откровение 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Двата ѕвера

1 11,7; 17,3.7-12 И видов како од морето излег­ува ѕвер со седум глави и десет рогови; на роговите негови имаше десет круни, а на главите негови – богохулни имиња.

2Дан 7,4-6; Лк 4,6Ѕверот што го видов прилегаше на леопард: нозете му беа како кај мечка, а устата – како уста на лав. И змевот му ја даде силата своја, и престолот свој, и голема власт.

317,8И видов дека една од главите негови како да беше смртно ранета, но таа смртна рана му заздраве. Тогаш се за­чуди целата земја и тргна по ѕверот;

4и му се поклонија на змевот, кој му беше дал власт на ѕверот; му се покло­нија и на ѕверот, велејќи: „Кој е како ѕверот, и кој може да војува со него?“

5Дан 7,8.11.20.25Нему му се даде уста што зборуваше големи зборови и богохулства; и му се даде власт така да прави четириесет и два месеци.

6Тогаш ја отвори устата за хулење против Бога за да го навредува името Негово, живеалиштето Негово и оние што живеат на небото.

711,7; 12,17; Дан 7,7.21И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ.

83,5; 17,8; 21,27И ќе му се поклонат сите земни жи­тели, чии имиња не се запишани во книгата на животот на Јагнето заклано, од создавањето на светот.

9Мт 13,9Кој има уво, нека чуе:

1014,12; Ер 15,2; 43,11кој во прогонство води, во прогонство ќе биде одведен; кој со меч убива, од меч треба да биде убиен. Тука е трпението и верата на светиите.

1116,13; Мт 7,15И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змевот.

12Ја извршува сета власт на првиот ѕвер во негово присуство и ја присилува целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;

133 Цар 18,24-39; Мт 24,24и правеше големи чуда, па дури и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето.

145 Мојс 13,1-3; 2 Сол 2,9-10И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жи­тели да му направат биста на ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.

1520,4; Дан 3,5-7.15И му се даде да вложи дух во бистата на ѕверот, та да прозборува тој и да направи да бидат убиени оние кои нема да се поклонат пред бистата на ѕверот.

16И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни,

17та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние што го има­ат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово.

1817,9Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help