Исаија 49 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Божјиот слуга е виделина за идолопоклониците и спасение за Израилците

1 41,1; 44,2.24; Ер 1,5; Пс 2,7; Гал 1,15 Слушајте Ме, острови, и внимавајте, народи далечни: Господ Ме повика уште од утробата, од мај­чи­ната Ми утроба го спомна името Мое;

251,16; Мудр 18,15; Евр 4,12; Откр 1,16; 19,15ја направи устата Моја како остар меч: под сенката на раката Своја Ме криеше и Ме направи изострена стрела; во Својата торба за стрели Ме чуваше;

342,1; 44,23; Мт 3,17Тој Ми рече: „Ти си Мој слуга, Из­раиле, – во Тебе ќе се прославам.“

440,10.27; 53,10-12; Ер 20,7; Гал 4,11Јас, пак, реков: „Напразно сум се трудел, за ништо и попусто сум ја ис­трошувал силата Своја.“ Но правото Мое е во Господ, и наградата Моја е во Мојот Бог.

543,4; Мих 5,3; Пс 109,3; Јн 17,5; Фил 2,8-11А сега вели Господ, Кој уште од ут­робата Ме направи слуга Свој, да го вратам кон Него Јакова, за да се собере при Него Израил; а кога ќе се собереме, ќе се прославам во Господ и Мојот Бог ќе биде Моја сила.

642,6; 60,3; Пс 97,2; Сир 36,10; Лк 2,32; Јн 1,4; Дела 13,47И Тој рече: „Малку е тоа што Ти ќе Ми бидеш слуга, за да се подигне пле­мето Јаковово и да се поврати остато­кот Израилев, туку Јас ќе Те направам светило за народите, за да се рашири спасението од Господ до краиштата на земјата.“

Господ ќе го избави Својот народ

7 41,14; 44,6; 52,15; 53,3; 60,10 Така вели Господ, Искупителот на Израил, Светецот негов, на презрениот од сите, на прекоруваниот од народот, на слугата на силните: царевите ќе Те видат, кнезовите ќе станат и ќе се поклонат заради Господ, Кој е верен, заради Светецот Израилев, Кој Те избрал.

842,6; 54,3; Пс 68,13; 2 Кор 6,2Вака вели Господ: „Во благопријатно време Те чув и во денот на спасение­то Ти помогнав; и Јас ќе Те пазам и ќе Те направам завет на народот, за да ја подигнеш земјата, да им ги вратиш на наследниците опустошените наслед­ства.

942,7; Пс 22,1-2Да им кажеш на затворените: из­ле­зете, и на оние, што се во темнина: по­кажете се. Крај патиштата ќе пасат тие, по сите ридови ќе бидат нивните пасишта.

104,5-6; 25,4-5; 35,7; 41,17; 4 Мојс 20,11; Пс 120,6; Сир 43,22; Јн 4,1; Откр 7,16Нема да трпат глад и жед, нема да ги удри припек и сонце; зашто Оној, Кој ги милува, ќе ги води и ќе ги доведе при извори водни.

1111,16; 40,3-4; Варух 5,7И сите Мои гори ќе ги направам друмови, Моите патишта ќе бидат из­дигнати.

1243,5-6; Пс 106,2-3Ете, едни ќе дојдат оддалеку; и ете – едни од север и од морето, а други – од земјата Синим.“

Божјата милост

13 40,1; 44,23; 52,9; Пс 68,10 Радувајте се, небеса, и весели се, земјо; воскликнувајте од радост гори, зашто Господ го утеши Својот народ и ги помилува Своите страдалници.

1440,27; 54,8; Ос 11,8; Пс 21,1-2; 88,39-52А Сион велеше: „Ме остави Господ, мојот Бог ме заборави!“

1544,21; Ер 31,20; Сир 4,10Може ли жена да го заборави по­ро­дот свој, а да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го забора­ви­ла, Јас тебе нема да те заборавам.

1644,5; 60,10; Песна 8,6Ете, на Своите дланки сум те вре­жал; твоите ѕидишта секогаш се пред Мене.

17Твоите ѕидари ќе побрзаат кон тебе, а твоите разурнувачи и пустошници ќе си отидат од тебе.

1845,23; 60,4Крени ги очите и погледај наоколу, – тие сите се собираат, доаѓаат кон тебе. Жив сум Јас! вели Господ, – со сите нив ќе се облечеш како со накит и ќе се промениш со нив како невеста.

Светла иднина за Ерусалим

19 Ер 51,34 Зашто твоите урнатини, твоите пустини и твојата разорена земја сега ќе бидат многу тесни за жителите, кога оние, што те голтаа, ќе си отидат од те­бе.

2047,9; 54,1-3; Плач 2,21Децата што ги имаш, бидејќи си ги изгубила поранешните, ќе ти говорат гласно: „Тесно е местото за мене; от­ста­пи ми, за да можам да живеам.“

211,2; 65,23; 66,8; Ер 31,27; Зах 2,4И ти ќе речеш во срцето свое: кој ми ги роди? Јас бев бездетна и бесплодна, одведена во плен и отфрлена; но, кој ги одгледа? – Ете, јас си бев сама; а тие каде беа?

2211,10-12; 40,11; 60,4; 62,10; Варух 5,6Вака вели Господ Бог: „Ете, ќе ја кренам раката Своја кон народите, ќе им дадам знак на племињата, – и ќе ги донесат синовите твои на раце и ќер­ки­те твои – на раменици.

2341,20; 45,3; 60,10.14-16; Ер 9,24; Пс 24,3; 72,9И царевите ќе бидат твои храни­те­ли, и нивните царици ќе бидат твои до­илки; со лицето до земјата ќе ти се поклонуваат и ќе го лижат правот од но­зе­те твои, и ќе дознаеш дека сум Јас Гос­под, дека оние, што се надеваат на Ме­не, нема да се посрамат.

Господ е на наша страна

24 Мт 12,29 Може ли да се одземе плен од си­лен, и можат ли да се одземат заробени од победникот?“

2541,11; Ер 31,11; Пс 34,1; Лк 11,21-22Да, така вели Господ: и секој за­ро­бен од јунак ќе биде одземен и грабежот од тиранинот ќе биде вратен; зашто Јас се борам со твоите противници и ќе ги спасам твоите синови;

269,19; 41,14; 47,4; 60,16; Откр 16,6ќе ги нахранам твоите угнетувачи со нивното сопствено месо, ќе бидат на­поени со својата крв како со ново вино; и секое тело ќе дознае дека Јас сум Гос­под, твој Спасител и твој Искупител, Силниот Бог Јаковов.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help