1 Ез 44,25-27 2 Мојс 28,1; 4 Мојс 5,2; 6,6; 19,11; 31,19 И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на свештениците, синовите Аронови, и речи им да не се допираат до мртовец од народот свој.
2Само до свој близок роднина: до мајка, до татко, до син и до ќерка, до брат,
34 Мојс 6,6до сестра, која е мома што живее кај него, немажена, може да се допира, и со тоа да не се осквернува;
4инаку, не смее да се оскверни со допир до кого и да било од народот свој, за да не стане нечист.
519,27-28; 5 Мојс 14,1; Ер 7,29; 16,6; Ез 5,1Не смеат да ја бричат главата своја, ниту да го потстрижуваат крајот од брадата своја, ни да прават зарези по телото свое.
62 Мојс 31,13Тие треба да бидат свети пред својот Бог и да не го осквернуваат името на својот Бог, бидејќи тие Му принесуваат жртви на Бога, леб на својот Бог, и затоа треба да бидат свети.
7Ез 44,22Тие не смеат да земаат жени блудници и порочни, не смеат да се женат ни со жена истерана од својот маж, затоа што се тие свети пред својот Бог.
8И свет нека ти биде, бидејќи тој Му принесува храна на Господ, вашиот Бог; тој треба да ти биде свет, затоа што сум свет Јас, Господ Бог ваш, Кој ве осветува.
91 Мојс 38,24Ако свештеничка ќерка се оскверни со блудство, таа го осквернила таткото свој: со оган да биде изгорена.
108,7-12; 2 Мојс 29,7А големиот свештеник меѓу браќата свои, врз чија глава е излеано масло за помазание, и кој е осветен за да се облекува во свети одежди, да не ја открива главата своја и облеката своја да не ја кине;
114 Мојс 5,2; 6,6; 9,6; 19,11и до никаков мртовец да не приоѓа; да не се осквернува со допир ни до умрениот татко свој, ни до мајката своја.
1210,7; 2 Мојс 25,8; 28,41Тој од светилиштето да не се оддалечува за да не го оскверни светото на својот Бог, зашто светото масло на Божјото помазание е врз него. Јас сум Господ.
13За жена тој треба да зема девица (од својот народ);
14не смее да зема вдовица или оставена или осквернета (или) блудница, туку само девица од родот свој тој треба да зема за жена.
15И да не го осквернува своето потомство во народот свој: затоа што сум Јас Господ, Кој го осветува.“
Пречки за вршење на свештеничка служба16И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
17Ис 56,3-5„Кажи му на Арон: никој од твоето семе во сите родови, кој има телесен недостаток, да не пристапува да Му принесува дар на својот Бог.
182 Цар 4,4; 9,3Никој, кој има телесен недостаток, да не пристапува; ни слеп човек, ниту куц, ниту, пак, со чпртав нос, или со деформирани крајници,
19ниту таков кому му е раката скршена или ногата скршена,
20ниту грбав, ниту слабуњав, ниту со перде на очите, ни крастав или со лишај, ниту скопец.
21Никој човек од родот на свештеникот Арон, кој е со телесен недостаток, не смее да пристапува за да Му принесува жртва на Господ; бидејќи има недостаток, нека не пристапува да принесува дарови Божји,
221 Кор 9,13но од храната на својот Бог, од осветените жртви, тој може да јаде;
232 Мојс 25,8само до завесата да не се доближува и до жртвеникот да не пристапува, затоа што има недостаток: да не го оскверни светилиштето Мое, бидејќи Јас сум Господ, Кој ги осветува.“
24И Мојсеј им го соопшти тоа на Арон и на синовите негови и на сите синови израилски.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.