Езекил 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Осуда над Ерусалим

1 3,12 Ме дигна духот и ме доведе пред источната врата на домот Гос­по­дов, која гледаше кон исток. А таму – пред влезот на вратата дваесет и пет чо­века, и меѓу нив го видов Јаазанија, си­нот Азуров, и Пелатјаху, синот Бе­на­ја­хуов, кнезовите народни.

2И Тој ми рече: „Сине човечки, еве ги луѓето што на ум имаат да вршат беззаконија и кои даваат лош совет во овој град,

3велејќи: ‚Уште е далеку; да си гра­диме домови; овој град е котел, а ние – месо.‘

4Затоа изречи против нив прор­ош­тво, пророкувај, сине човечки!“

52,2И слезе врз мене Духот Господов и ми рече: „Кажи – така вели Господ – она што го зборувате вие, доме Израилев, и она што ви иде на ум, тоа Јас го знам.

6Многумина убивте во тој град, и улиците негови се исполнија со тру­по­ви.“

7Затоа, вака вели Господ Бог: „Уби­е­ните ваши, што ги оставивте среде него, се месо, а тој – котел; но вас Јас ќе ве из­ведам од него.

8Вие се плашите од меч, а Јас ќе ис­пратам врз вас меч, вели Господ Бог.

9И ќе ве изведам од него, ќе ве пре­да­дам во рацете на туѓинци, и ќе извршам суд над вас.

10Од меч ќе паднете; во пределите на Израил ќе ви судам, ќе познаете дека Јас сум Господ.

11Тој нема да биде за вас котел, и вие нема да бидете во него месо; во преде­лите израилски ќе ви судам.

125 Мојс 12,30И ќе познаете дека Јас сум Господ; затоа што не ги извршувавте Моите на­ред­би, туку одевте по законите на народите околу вас.“

139,8И ете, кога пророкував, Пелатјаху, синот на Ванеја, умре. И паднав нич­кум, викав со силен глас и реков: „О, Господи Боже, зар сакаш докрај да го истребиш остатокот на Израил?“

14И дојде слово Господово до мене:

1533,24„Сине човечки, на браќата твои, на твоите браќа, на твоите еднокрвни и на сиот израилски дом, оние што живеат во Ерусалим, им велат: ‚живејте далеку од Господ, оваа земја дадена ни е нам да ја владееме.‘“

1628,25; 36,24-27Затоа кажи им: вака вели Господ Бог – „Макар и да ги оддалечив меѓу на­родите и макар што ги распрснав по земјата, Јас за нив пак ќе бидам како светилиште во оние земји, каде што отидоа.“

17Потоа кажи им, вака вели Господ Бог: „Јас ќе ве соберам откај народите и ќе ве вратам од земјите, во кои сте се растуриле; и ќе ви ја дадам земјата из­раилска.

18И ќе дојдат таму, ќе ги исфрлат од неа сите гадотии и сите нечистотии.

1918,31; 36,26-28; Ер 32,39И ќе им дадам едно срце, ќе вложам во нив нов дух, ќе го земам од телото нивно каменото срце и ќе им дадам меснато срце,

2014,11; 3 Мојс 26,12; Откр 21,7за да одат по Моите заповеди, да ги пазат Моите наредби и да ги извр­шу­ва­ат; и ќе бидат Мој народ, и Јас ќе бидам пак нивни Бог.

219,10А чие срце, се поведе по гадотиите нивни и нечистотиите нивни, нивните постапки ќе ги свртам врз нивните гла­ви“, вели Господ Бог.

Божјата слава го напушта Ерусалим

22Тогаш херувимите ги подигнаа крилјата свои, и тркалата беа до нив; и славата на Израилевиот Бог беше над нив одозгора.

239,3; 43,2И се крена славата Господова среде градот и застана над планината, што се наоѓа источно од градот.

241,1; Дела 8,39И духот ме подигна и ме пренесе во видение, преку Духот Божји, во Хал­де­ја, кај изгнаниците. И видението, што го имав, избега од мене.

25И јас им ги пренесов на изгна­ни­ци­те сите зборови Господови, што ми ги откри Тој.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help