Товит 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ангелот се открива

1 4,14; 5,16 Товит го повика својот син Товија и му рече: „Синко, при­гот­ви му ја наградата на човекот што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.“

2А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сѐ што донесов;

3зашто тој ме доведе кај тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.“

4Старецот тогаш рече: „Тој навистина го заслужил тоа.“

5Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сѐ што сте донеле, па оди си со мир.“

613,4; Пс 104,1Тогаш ангелот ги повика нив двајцата настрана и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте Го Неговото величие пред сите што живеат за сето она што го направи Тој за вас. Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела.

712,11; 1 Птр 3,13Добро е да се чува царската тајна, но славно е да се откријат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде.

8Изреки 11,4; 16,8Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостина и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да делиш милостина, отколку да собираш злато.

94,10; Дан 4,24; Сир 3,30; 29,12Милостината избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостина и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата;

10а оние што грешат – непријатели се на својот живот.

1112,7Од вас нема да сокријам ништо: ве­ќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е славно да се откриваат Божјите дела.

121,17-18; 3,2-6; 3,11-16Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги донесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе;

132,4кога не се колебаше да станеш и да го прекинеш твоето јадење за да го пог­ребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе.

143,17И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара.

15Лк 1,19; Откр 8,2Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.“

16Суд 13,20Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв.

17Но тој им рече: „Не плашете се, би­дете спокојни. Благословувајте Го Гос­пода во векови.

18Зашто јас не дојдов по своја волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови.

19Суд 13,16Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев, но она што го гледавте беше привид.

20Суд 13,20; Јн 20,17И сега, прославете Го Бога, а јас се враќам кај Бога, Кој ме прати. Сега, ова што стана, запишете го во книга.“

21Дела 1,9Тогаш станаа, но него веќе не го ви­доа.

22И почнаа да раскажуваат за големите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help