1„Мажи браќа и татковци! Послушајте ја сега мојата одбрана пред вас.“
2А кога слушнаа дека им зборува на еврејски јазик, уште повеќе замолкнаа. Тогаш тој рече:
31 Лет 28,9; Гал 1,14; Фил 3,6„Јас сум Јудеец, родум од Тарс Киликиски, но воспитан во овој град кај нозете Гамалиилови, поучен точно според Законот на татковците и ревнител за Бога, како што сте и вие сите денес.
48,3; 9,1-2; 1 Кор 15,9; Гал 1,13.23До смрт ги гонев јас приврзаниците на тоа учење, врзувајќи и предавајќи во затвор и мажи и жени.
526,9-11За тоа може да посведочи првосвештеникот и целото старешинство. Од нив примав и писма за браќата и одев во Дамаск, да ги доведам во Ерусалим и оние кои беа таму врзани, за да бидат казнети.
Павле раскажува за своето обраќање(Дела 9,1-19; 26,12-18)6Но, кога бев на пат и наближив кон Дамаск, околу пладне, одеднаш од небото ме осветли силна светлина.
7Јас паднав наземи и слушнав глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘
82,22Јас, пак, одговорив: ‚Кој си ти, Господи?‘ А Тој ми рече: ‚Јас сум Исус од Назарет, Кого ти Го гониш.‘
9Оние, кои беа со мене, ја видоа светлината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го слушнаа.
10Тогаш реков: ‚Што да правам, Господи?‘, А Господ ми рече: ‚Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде речено сѐ, што ти е одредено да правиш.‘
11И бидејќи од болскотот на таа светлина не можев да гледам, ме поведоа за рака оние, кои беа со мене, и така ме одведоа во Дамаск.
12А некој си Ананија, маж благочестив според Законот, со добро име меѓу сите Јудејци во Дамаск,
13дојде кај мене, застана и ми рече: ‚Брате Савле, прогледај!‘ И јас во тој миг прогледав и погледнав кон него.
143,14; 7,52; Гал 1,15 Тој ми рече: ‚Бог на нашите татковци те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да слушнеш глас од устата Негова,
15зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и слушнал.
16И сега, зошто се задржуваш? Стани, крсти се и очисти ги гревовите свои, повикувајќи го името на Господ Исус.‘
Павле раскажува како бил испратен кај оние кои не се Јудејци17А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес,
18Го видов како ми вели: ‚Побрзај, излези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го примаат твоето сведоштво за Мене!‘
19Јас, пак, одговорив: ‚Господи, тие знаат дека јас ги затворав и биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе;
207,58и кога се проливаше крвта на Стефан, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што го убиваа.‘
21Ер 1,5И ми рече: ‚Оди! Јас те праќам далеку – кај незнабошците.‘“
Павле и римскиот заповедник22 21,36; 25,24 И сѐ до овој збор тие го слушаа, но потоа го издигнаа гласот свој и почнаа да викаат: „Тргни го од земјата таков! Тој не треба да живее!“
23И бидејќи тие вревеа, мавтаа со алиштата свои, та креваа прав во воздухот,
24заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со камшикување, за да дознае зошто така викаат против него.
2516,37Но, кога го растегнаа со ремења за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: „Зар ви е дозволено да камшикувате римски граѓанин, и тоа без пресуда?“
26Кога го слушна тоа стотникот, отиде да го извести заповедникот, па му рече: „Што мислиш да правиш? Овој човек е римски граѓанин!“
27Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски граѓанин ли си ти?“ Тој одговори: „Да.“
28А заповедникот рече: „Тоа граѓанско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле пак рече: „А јас сум се родил како таков.“
29И веднаш отстапија од него оние, кои сакаа да го испитуваат. А заповедникот, кога дозна дека е тој римски граѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.
Павле пред врховниот суд30На вториот ден, кога сакаше да дознае за што всушност го обвинуваат Јудејците, го ослободи од оковите и заповеда да дојдат првосвештениците и целиот нивен Синедрион, па го доведе долу Павле и го исправи пред нив.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.