Јов 33 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Аргументот на Елијуј: Бог го опоменува човекот

1 33,31 „И така, слушај ги Јове, зборовите мои и внимавај на сѐ што ќе ти кажам.

2Еве, ја отворам устата своја, јазикот ми говори под непцето мое.

3Зборовите мои се искрени од срцето мое, и устата моја ќе искаже чиста вис­тина.

434,14Духот Божји ме создал, и здивот на Седржителот ми дал живот.

533,32Ако можеш, одговори ми и застани спроти мене.

631,15Еве ме мене, според твојата желба, место Бога. И јас сум направен од кал;

723,15поради тоа стравот пред мене не мо­же да те збуни, и раката моја нема да биде тешка за тебе.

8Ти зборуваше пред мене, и јас го чув гласот на твоите зборови:

910,7; 16,17‚Чист сум, без порок, невин сум; во мене нема неправда;

109,20.29; 13,24А Тој најде обвинение против мене и ме смета за Свој противник;

1113,27; 19,6.11нозете ми ги стави во окови, ги надгледува сите мои патишта.‘

124,19; 11,5-9Ете, во тоа ти не си прав, ти одгова­рам; човекот со Бога не може да се ме­ри.

139,16; 23,8; 24,1.12Зошто ти е да се бориш против Не­го? Тој не дава сметка за Своите дела.

144,12-16; 7,14; 35,10Бог говори еднаш на еден начин а потоа на друг, но луѓето не внимаваат:

15на сон, во ноќно видение, кога со­нот ги соборува луѓето, во време, кога спијат на своето легло,

167,4.13; 30,27тогаш Тој му го отвора на човекот увото и го запечатува Своето ка­жу­ва­ње,

1735,12; 36,9-10за да го одвлече човекот од лошо дело, и да ја отстрани гордоста од него,

1833,28-30; 36,11за да ја запази душата негова од без­дна, и животот негов од пораз со меч.

1916,12-15Или, пак, го вразумува со болест на постелата негова, и со лута болка во си­те коски негови;

206,6-7; Пс 106,18така што животот негов да се гади од лебот, душата негова – од омилената храна.

2119,20Месото негово исчезнува; коските негови, кои пред тоа не се гледале, се подаваат.

2217,13Душата негова се приближува кон гробот, а животот негов – до смртта.

231,9-11Ако има кај него ангел, еден од ил­јада, за да му го покажува правиот пат, –

242,6Бог би се смилувал над него и би ре­кол: ‚Ослободи го од гробот; Јас најдов откуп.‘

2542,10Тогаш телото негово ќе се подмлади повеќе, отколку во млади години; и тој ќе се врати во дните на младите свои години.

2642,4-6Ќе Му се моли на Бога, и Тој ќе би­де милостив спрема него; со радост ќе го погледнува лицето негово и ќе му ја враќа праведноста негова.

2740,4-5Тој ќе ги гледа луѓето и ќе вели: сум грешел и сум ја искривувал правдата, и не ми е вратено со зло;

2842,12Тој ја ослободи душата моја од гроб; животот мој гледа светлина.

295,17-18Ете, сето тоа Бог му го прави два до трипати на човекот,

3028,28за да ја изведе душата негова од без­дната и да го просвети со светлината на живите.

31Внимавај, Јове, слушај ме, молчи, јас ќе зборувам.

32Ако имаш нешто да кажеш, одгова­рај; зборувај, зашто јас го посакувам твоето оправдување;

33ако, пак не, тогаш слушај ме: молчи и јас ќе те научам на мудрост.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help