Еремија 30 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Господ ќе ги избави Израил и Јуда

1Слово Господово што дојде до Еремија –

2вака вели Господ, Бог Израилев: за­пиши ги во книга сите зборови, што ти ги кажав.

329,14; 32,37; Зах 10,10Зашто, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе го вратам од ропство Мојот на­род, Израил и Јуда, вели Господ; и повторно ќе ги доведам во земјата, што им ја дадов на предците нивни, и тие ќе ја владеат.

4А еве ги зборовите, што ги изрече Господ за Израил и за Јуда.

5Вака вели Господ: глас од смут и ужас слушаме ние, а не мир.

6Прашајте и размислете: раѓа ли маж? А зошто гледам при секој човек рацете да му се на бедрата како при же­на, кога раѓа, и лицата на сите да им се бледи?

7Дан 12,1; Откр 16,18О, тешко, голем е оној ден, нема сличен на него; тоа е мачно време за Ја­ков, но тој ќе биде избавен од него.

83 Мојс 26,13; Ис 14,25; Ез 34,27; Наум 1,13; Пс 106,14И во оној ден, вели Господ Саваот, ќе го здробам јаремот негов, што му е околу вратот, и твоите окови ќе ги рас­кинам; па повеќе нема да служи на ту­ѓинци,

9туку ќе Му служите на својот Гос­под Бог и на царот свој Давид, кого што ќе им го издигнам.

10Ис 44,2; 42,11; Мих 4,4; Соф 3,13И ти, слуго мој Јакове, не бој се, ве­ли Господ, и не плаши се, Израилу, зашто еве, Јас ќе те избавам тебе од земјата далечна и племето твое – од земјата на ропството; па ќе се врати Ја­ков и ќе живее спокојно и мирно и нема никој да го заплашува,

111,8; 5,10.18; Наум 1,9; 2 Мојс 34,6-7; 4 Мојс 14,18зашто Јас сум со тебе, вели Господ, за да те избавувам: Јас наполно ќе ги истребам сите народи, меѓу кои те прогонив, но тебе нема да те истребам; ќе те казнам по мерка, и неказнет нема да те оставам.

Господ ќе ги излечи Израил и Јудеја

12 10,19; Наум 3,19 Зашто така вели Господ: твојата ра­на не е излечива, болката ти е жестока;

1346,11никој не се грижи за твоето дело, за да ти ја излекува раната; за тебе лек нема;

144,30; Плач 1,2.19; Јов 19,11сите пријатели твои те заборавија, не те бараат, бидејќи Јас те удрив со не­пријателски удари, со жестока казна за многуте твои беззаконија, бидејќи гре­вовите твои се намножија.

1530,12Зошто викаш поради раните свои, од лутината на твојата болест? За мно­гуте твои беззаконија ти го направив тоа, зашто гревовите твои се нам­но­жи­ја.

16Ис 20,4; Наум 3,10Но сите, што те голтаат, ќе бидат проголтани; и сите твои непријатели – ќе појдат во ропство, и твоите пус­тош­ници ќе бидат опустошени, и сите твои грабачи ќе ги предадам на грабеж.

1733,6Ќе ги обложам и ќе ги излекувам твоите рани, вели Господ. Тебе те на­ре­куваа отфрлен, велејќи: „Еве го Сион, за кого никој не прашува.“

Спас за Израил и Јудеја

18 Амос 9,11 Така вели Господ: еве, ќе ги вратам заробените од шаторите на Јаков и ќе се смилувам на нивните живеалишта, и градот пак ќе биде изграден на својот рид, а и храмот ќе биде обновен, како што си беше.

193,16; 29,6; 3 Мојс 26,9; Ез 36,11.37; 37,26И ќе се крене од нив благодарност и глас на весели луѓе; и Јас ќе ги размножам, и нема да се намалуваат, па ќе ги прославам, и нема да бидат понизени.

20Ис 1,26; 25,12И синовите негови ќе бидат како порано, и собранието негово ќе стои пред Мене, а ќе ги казнам сите негови угнетувачи.

215 Мојс 17,15; Зах 10,4И ќе излезе од него водач, и владетел негов ќе произлезе од него; и Јас ќе го привлечам, па ќе дојде кај Мене; зашто кој е тој што сам од себе прис­та­пува до Мене? – вели Господ.

2231,3; 3 Мојс 26,12; 5 Мојс 29,13; 4 Цар 11,17И вие ќе бидете Мој народ, а Јас ќе ви бидам Бог.

2325,32Еве, виорот на јароста од Господ доаѓа, виор страшен; ќе падне врз гла­вите на безбожниците.

24Јн 13,7Пламениот гнев на Господ нема да стивне, сѐ додека не ја изврши и не ја исполни замислата на срцето Свое. Во последните дни ќе го разберете тоа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help