Исход 38 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Жртвеникот и бакарниот мијалник

1И направи од дрвото шитим жртвеник за жртви сепаленици; пет лакти долг и пет лакти широк, четириаголен, три лакти висок;

22 Лет 1,5а направи и рогови на неговите четири агли, така што роговите да излегуваат од него, и го опкова со бакар.

331,9; 3 Цар 7,45И го направи сиот прибор за жртве­никот: котлите, лопатчињата, потири­те, вилушките и кадилниците; сиот прибор го направи од бакар.

4А на жртвеникот му направи решет­ка од бакар како мрежа, од дното па до средината, наоколу;

5и излеа четири алки за четирите агли на решетката од бакар, за да се провлечат низ нив лостови за носење.

6А лостовите ги направи од дрвото шитим и ги опкова со бакар.

7Па ги провлече лостовите низ алки­те од обете страни на жртвеникот, за да може да се носи; од штици го направи, празен однатре.

830,18; 40,7; 5 Мојс 23,17; 1 Цар 2,22-25; 3 Цар 14,24Направи и мијалник од бакар и подножје од бакар со убави шарки, кои го красеа влезот на скинијата.

Завесите на дворот

9И двор направи од јужната страна, а завесите му беа од пресукан лен, по сто лакти долги;

10дваесет столбови за нив, и дваесет подножја под нив од бакар; а кукичките за столбовите и обрачите нивни беа од сребро.

11Така и од северната страна – завеси од сто лакти; столбови за нив дваесет и подножја под нив од бакар дваесет; а и кукичките за столбовите и обрачите нивни од сребро.

12А од западната страна завеси од педесет лакти: десет столбови за нив, и подножја – десет; кукичките за столбовите и обрачите нивни од сребро;

13и од источната страна, завеси од педесет лакти.

14За едната страна на вратата завеси од петнаесет лакти, три столбови за нив и три подножја под нив;

15и за другата страна завеси од петнаесет лакти, три столба за нив, и подножја под нив – три.

16Сите завеси на дворот наоколу беа од пресукан лен,

17а подножјата на столбовите – од бакар, кукичките за столбовите и обра­чите на нив – од сребро; и врвовите нивни беа со сребро обложени; и сите столбови на дворот беа со сребрени обрачи поврзани.

18А завесата на вратата од дворот – везена – од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен, долга дваесет лакти, а во висина по целата ширина пет лакти, како и другите завеси во дворот;

19и четири столба за неа, и четири подножја под нив од бакар; кукичките им беа од сребро, врвовите нивни по­сребрени, а и обрачите нивни беа од сребро.

2035,18Сите колчиња околу скинијата и дворот беа од бакар.

Изработките за скинијата

21 4 Мојс 1,50.53; 4,28.33; Дела 7,44 Ете, тоа се изработките за скинијата на собранието, направени по заповедта на Мојсеј од левитите, а под надзор на свештеникот Итамар, син на Арон.

2231,2; 35,30-35А сѐ она како што му заповеда Господ на Мојсеј, го направи Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино.

2331,6И со него Охолијав, синот Ахисама­хов, од племето Даново, резбар, вешт ткајач и везач на сина, пурпурна и црвена и ленена ткаенина.

2430,13.16Сето злато, што беше употребено за сиот прибор на светилиштето, злато, принесено на дар, беше дваесет и девет кикари и седумстотини и триесет шеке­ли, свештени шекели;

25а среброто преброено од дародавците – сто кикари и илјада седумстотини седумдесет и пет шекели, свеш­тени шекели.

2612,37; 30,12-14; 4 Мојс 1,45-46По половина шекел од човек, пресметано според свештениот шекел, од секој што доаѓа на пребројување, од дваесет години и нагоре, од шестотини и три илјади петстотини и педесет души.

2726,19Сто кикари сребро беа употребени за лиење на подножјата за светилиш­тето и подножјата за завесите; сто подножја од сто кикари, по кикар на подножје;

28а од илјада седумстотини седумдесет и петте шекели тој направи кукич­ки за столбовите и опков за врвовите нивни, а направи и обрачи за нив.

29А од принесениот дар во бакар имаше седумдесет кикари, и две илјади и четиристотини шекели;

30и од него ги направи тој подножјата за влезот во скинијата, и жртвеникот од бакар како и решетката од бакар за него, и сиот прибор за жртвеникот;

31подножјата за целиот двор наоколу, подножјата за вратата на дворот, и сите колчиња за скинијата и сите колчиња за дворот наоколу.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help