Римјаните 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог и одбраниот народ

1 2 Кор 12,7 Ви зборувам вистина во името на Христос, не лажам – тоа го сведочи мојата совест во Светиот Дух –

2дека има голема тага и непрестана болка во моето срце.

32 Мојс 32,32; 1 Кор 16,22; Гал 1,8Зашто повеќе би сакал јас да бидам проклет и одвоен од Христос за браќата свои, моите сродници по тело.

43,2; 2 Мојс 4,22; 5 Мојс 7,6; Ос 11,1; Дела 13,17; Ефес 2,12Тие се Израилци – ним им припаѓа посинувањето и славата и заветите, ним им беше даден Законот, и богос­лу­же­ње­то и ветувањата;

51,3; Мт 1,1-16; Лк 3,23-38; Јн 1,1-4; Тит 2,13; 1 Јн 5,20нивни се и татковците, од кои по­тек­нува и Христос, Кој е Бог на сите, бла­гословен до века. Амин!

62,28; 4 Мојс 23,19; Ис 55,10-11А не е можно словото Божјо да из­неверило: бидејќи не се Израил сите оние што се од Израил.

71 Мојс 21,12; Евр 11,18Ниту, пак, се сите потомци Авра­амови, затоа што се негови чеда; но ре­чено е: „Од Исак потомството ќе се нарече со твое име.“

8Јн 8,31-44; Гал 3,7.29; 4,21-31Односно, не чедата на телото се чеда Божји, туку чедата на ветувањето ќе се признаат како потомци.

91 Мојс 18,10.14Бидејќи зборовите на ветувањето се овие: „Во тоа време ќе дојдам и Сара ќе има син.“

101 Мојс 25,21И не само таа, но и Ревека, која на­еднаш зачна од Исак, нашиот татко,

11зашто, уште додека не се беа родиле близнаците и сѐ уште ништо не беа на­правиле, добро или лошо, за да остане така како што Бог по избор одредил,

121 Мојс 25,23не заради делата, туку заради Оној Кој повикува, ѝ беше речено: „По­стариот ќе му служи на помладиот“,

13Мал 1,2-3како што е напишано: „Јаков го возљубив, а Исав го намразив.“

145 Мојс 32,4Што да речеме пак? Зар има не­правда во Бога? Никако!

152 Мојс 33,19Зашто Тој му рече на Мојсеј: „Ќе покажам милост кон оној што ќе го по­милувам, и сожалување кон оној што ќе го сожалам.“

16Ефес 2,8; Тит 3,5И затоа, изборот не зависи од оној кој пожелува, ниту од оној кој трча, туку од Бога, Кој покажува милост.

172 Мојс 9,16Зашто Писмото му вели на фара­онот: „Токму за тоа те издигнав, за да ја покажам над тебе Својата моќ и името Мое да биде проповедано по целата земја.“

182 Мојс 4,21Па така, му искажува милост кому што сака, и го закоравува кого што сака.

Божјиот гнев и Божјата милост

19Но ти секако ќе ми речеш: „А зош­то тогаш уште нѐ кори?“ А кој може да се спротивстави на Неговата волја?

20Ис 29,16; 45,9; Мудр 12,12Ама, човеку, кој си ти што така се спориш со Бога? Зарем она што е рако­творено ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме направил такво?

21Ис 29,16; 64,7; Ер 18,6; Мудр 15,7; 2 Тим 2,20Или, пак, грнчарот – зарем не е господар над својата глина, па од една и иста смеса да направи еден сад за по­чес­на, а друг за нечесна употреба?

222,4; 3,25-26; Изреки 16,4Што, ако Бог, сакајќи да го покаже гневот Свој и да ја пројави Својата моќ, со голема долготрпеливост трпел некои садови на гневот, приготвени за погибел,

238,29-30; Ефес 1,3-12; Фил 4,19за да го покаже богатството на Својата слава над садовите на мило­срдието што Тој однапред ги приготвил за слава,

24над нас, кои нѐ повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците?

25Ос 2,23; 1 Птр 2,10Така се вели и во книгата на Осија: „Ќе го наречам Мој народ оној кој не беше Мој народ, и возљубена – онаа што не беше возљубена.“

26Ос 1,10И на она место, каде што им беше речено: „Вие не сте Мој народ“, таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог.

2711,5; Ис 10,22-23; Ос 1,10; Соф 3,12-13А Исаија извика за Израил: „Кога Израилевите синови би биле бројни ка­ко морскиот песок, само остатокот ќе биде спасен“,

28зашто ќе го заврши делото и ќе ре­ши по правда: „Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата.“

29Ис 1,9И како што прорече Исаија: „Ако Господ Саваот не ни беше оставил по­томство, ќе станевме како Содом и ќе заприлегавме на Гомора.“

Израил и Евангелието

30 10,6.20; Фил 3,9 И што да кажеме сега? Незнабош­ците, кои не бараа праведност, добија праведност, и тоа праведност што доаѓа од верата.

3110,2-9; 11,7И Израил, кој тежнееше кон не­ка­ков закон за праведност, не го достигна Законот на правдата.

32Ис 8,14; 28,16; 1 Птр 2,8Зошто? Зашто не го побара од вера, туку од делата на Законот. Се препна од каменот за сопнување,

3310,11; Ис 8,14; 28,16; Мт 21,42; 1 Птр 2,6.8како што е напишано: „Еве, пола­гам на Сион камен за сопнување и кар­па за соблазна; и секој, кој верува во Не­го нема да се посрами.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help