1Во дваесет и третата година од владеењето на Јоас, синот на јудејскиот цар Охозија, стана цар над Израил во Самарија, Јехуевиот син Јоахаз, и царуваше седумнаесет години.
2Тој го правеше она што беше немило пред очите на Господ и одеше во гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израил, и не отстапуваше од нив.
38,12И се разгори гневот на Господ против Израил, и Тој го предаде во раката на арамејскиот цар Азаил и во раката на Азаиловиот син Венадад, за сето она време.
4Јоахаз се помоли пред лицето на Господ, и Господ го слушна, зашто ја виде неволјата на Израилците, како ги притеснуваше арамејскиот цар.
5И Господ им даде на Израилците спасител, и тие се оттргнаа од раката на Арамејците, и живееја синовите Израилеви во шаторите свои, како порано.
6Меѓутоа не отстапуваа од гревовите на домот на Јеровоам, кој го беше навел во грев Израил; сѐ уште одеа по нив, а и столбот на Ашера стоеше во Самарија.
7На Јоахаз му остана војска само педесет коњаници, десет коли и десет илјади пешаци, зашто царот на Арам ги беше уништил и ги згази како прав што се тапка.
8Другото за Јоахаз и за сѐ што тој го извршил, и за неговите јуначки подвизи, е опишано во летописите на израилските цареви.
9И почина Јоахаз кај своите предци, и го погребаа во Самарија. На негово место се зацари неговиот син Јоас.
Јоас, цар на Израил10Јоахазовиот син Јоас стана цар над Израил во Самарија во триесет и седмата година од владеењето на јудејскиот цар Јоас; царуваше шеснаесет години.
11И тој го правеше она што не беше добро пред очите на Господ; не отстапуваше во ниеден од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел на грев Израил, туку одеше по нив.
12Другото за Јоас и за сѐ она што тој го изврши, и за неговите јуначки подвизи, како војувал против јудејскиот цар Амасија, е опишано во летописите на израилските цареви.
13И почина Јоас кај своите предци, а на престолот негов седна Јеровоам. Јоас беше погребан во Самарија, кај израилските цареви.
Елисеј претскажува победа над Арамејците14 1 Мојс 45,14; 46,29; 50,1 Елисеј се разболе од болест, од која подоцна и умре. Дојде кај него израилскиот цар Јоас, плачеше над него, велејќи: „Татко мој, татко мој, бојна коло Израилева и негова коњицо!“
1513,18-19; 3 Цар 11,31И му рече Елисеј: „Земи лак и стрели!“ И тој зеде лак и стрели.
16Тогаш му рече: „Стави ја раката на лакот!“ И тој ја стави раката. Тогаш Елисеј ги стави рацете свои врз рацете на царот
17и рече: „Отвори го прозорецот кон исток!“ И тој го отвори. А Елисеј рече: „Стрелај!“ И тој стрелаше. Потоа Елисеј рече: „Таа стрела за спасение е од Господ, таа е спасителната срела против Арам, и ти ќе ги поразиш и уништиш Арамејците во Афек.“
18И продолжи Елисеј и рече: „Земи стрели!“ И тој зеде. Пак му рече на израилскиот цар: „Удри во земјата!“ И тој удри трипати и запре.
19И му се разгневи Божјиот човек и рече: „Требаше да удриш петпати или шестпати, тогаш ќе ги разбиеш докрај Арамејците, а сега ќе ги поразиш Арамејците само трипати.“
20Елисеј умре и го погребаа. А на другата година моавските луѓе навлегоа во земјата.
21И ете, додека некои луѓе погребуваа еден човек, таму видоа разбојници, па го фрлија мртовецот во Елисеевиот гроб, и тој, како што падна, се допре до Елисеевите коски, оживеа и се исправи на нозете свои.
Победата над Арамејците22 8,12 Царот на Арам Азаил ги мачеше Израилците во сите денови на Јоахаз.
235 Мојс 1,8; 6,10; 9,5.27; 29,12; 34,4; 3 Цар 18,36Но Господ се смили над нив и ги помилува; се сврте кон нив поради заветот Свој со Авраам, Исак и Јаков и не сакаше да ги истреби, и не ги отфрли од лицето Свое до денес.
24Царот на Арам Азаил умре, и наместо него стана цар неговиот син Венадад.
25Јехоазовиот син Јоас ги поврати од рацете на Азаиловиот син Венадад градовите што тој ги беше презел со војна од рацете на татко му Јоахаз. Трипати го разби Јоас, и ги врати израилските градови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.