1 1 Цар 17,12-57; 18,1-7; 2 Цар 7,1-3; 12,1-14 По него се издигна Натан – пророкуваше во деновите на царот Давид.
23 Мојс 4,8-10Како мрсот што се одделува од жртвата за мир, така Давид беше одделен од синовите израилски.
31 Цар 17,34-37Со лавовите си играше како со јариња, а со мечките како со јагниња.
41 Цар 17,32-54Во младоста своја тој зар не уби горостас и со тоа не ја ли симна навредата од народот,
5и кога рака крена со камен во праќа, зар не го понизи гордиот Голијат?
61 Цар 18,7; 2 Цар 5,1-3Тој повика кон Господа Севишен и Господ ѝ даде сила на десната негова рака – да го понизи тој силен за борба човек и да ја издигне силата на народот свој.
72 Цар 5,17-25; 8,1-14; 21,15-22Затоа народот со десетки илјади го величаше, прославувајќи Го Господа, и го сметаа за достоен да носи круна на славата,
82 Цар 23,1зашто ги победи непријателите и ја смири силата на филистејците, така што и денес силата нивна е скршена;
91 Лет 16,4-7по секое свое славно дело тој Го прославуваше Господа, благодарејќи Му на Севишниот;
101 Лет 23,30-31со сето свое срце Го воспеваше и Го љубеше тој Создателот свој.
1145,25; 2 Цар 7,11-16; Пс 88,28-37Пред жртвеникот пејачи постави, со нивните гласови песната да ја заслади.
123 Цар 4,20–5,14Тој на празниците свеченост им даде и со точност ги определи времињата – пејачите името Негово пресвето да го прославуваат и светилиштето веќе од рано утро се огласуваше.
133 Цар 5,3; 5,17-19; 6,1-38Затоа Господ гревовите му ги прости и вечно силата негова ја издигна, царски завет му подари – славен престол во Израил.
Соломон14 3 Цар 3,4-28; 5,9-14; Проп 1,16; Мудр 7,7 По него мудриот син негов се издигна и поради таткото свој безбедно живееше.
15Соломон царуваше во мирни дни, зашто Бог од сите страни мир му подари, за да изгради дом на името Негово и да подигне светилиште вечно.
16Колку мудар во младоста своја беше ти, и полн со разум како река!
173 Цар 10,1-9Со душата твоја земјата ја покри, со мудри зборови ти ја исполни;
183 Цар 10,10; 10,14-25.27до далечните острови името твое се прослави, во мирот твој возљубен беше.
193 Цар 11,1-8Со песните и зборовите твои, со изреките и мудроста светот се восхитува.
20Во името на Господ Бог, наречен Бог Израилев,
213 Цар 12си насобра злато како бакар и го умножи среброто како олово.
22Ис.Н. 23,14; 2 Цар 7,15-16; Ис 4,3; Пс 88,33-37Но потоа телото твое на жени го даде, со телото твое роб нивни стана;
233 Цар 12,26-33врз славата твоја дамка стави, го оскверни родот свој; навлече гнев на децата свои кои, над безумството твое горко плачеа; власта се раздели и од Ефрем започна непокорното царство.
243 Цар 13,33-34; 4 Цар 17,21-23Но Господ не ќе ја остави Својата милост и не ќе разурне ниедно од Своите дела, не ќе ги уништи потомците на избраникот Свој, нема да го погуби народот на оној што Него Го љубел.
25Остатокот на Јаков му го даде и коренот од него – на Давид.
Ровоам и Јеровоам26И почина Соломон покрај своите предци.
27А по себе на народот од родот свој безумност му остави,
28малоумниот Ровоам, кој го одврати од себе народот свој,
29и Јеровоам, Неватовиот син, кој во грев го воведе Израил, и на Ефрем патот греовен му го покажа.
30И гревовите нивни толку се намножија, така што од земјата своја истерани беа;
31посегнуваа по секое зло, сѐ додека одмаздата не дојде врз нив.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.