1 4,1; Фил 1,7.13; Кол 4,18 Затоа сум јас, Павле, затвореник на Исус Христос за вас незнабошците.
2Кол 1,25-26Бидејќи ја чувте распределбата на благодатта Божја, која ми е дадена за вас,
31,9-10односно дека преку откровение Бог ми ја соопшти тајната, како што и погоре ви напишав накратко.
4Рим 9–11
Кол 1,26Читајќи го тоа, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христа,52,20; Јн 14,26која, на синовите човечки од поранешните поколенија не им беше објавена како што сега се откри на Неговите свети апостоли и пророци преку Светиот Дух,
62,11.13.18-19за да бидат и незнабошците сонаследници, делови на едно тело, и соучесници на ветувањето Божјо во Христос Исус преку Евангелието,
7Кол 1,23-25на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила.
81 Кор 15,9-10; Гал 1,16; 1 Тим 1,15Мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде – да им го проповедам на незнабошците неискажливото богатство Христово,
9Кол 1,26и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос,
101 Кор 2,7-9; 1 Птр 1,12та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на началствата и властите небесни,
111,4.11според предвечната одлука, која Тој ја изврши во Христос Исус нашиот Господ,
122,18; Евр 4,16во Кого, преку верата во Него, имаме слобода да се доближуваме со доверба.
13Кол 1,24Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.
Христовата љубов14 1,17-18 Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,
15од Кого се именува секој род на небесата и на земјата,
16Рим 7,22да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек,
17Мудр 1,4; Јн 14,23; Рим 8,11; Кол 1,23; 2,7и преку верата Христос да се всели во срцата ваши,
18Кол 2,2та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии што е ширина и должина, што е длабочина и височина,
191 Кор 13; Гал 4,9и да ја осознаете Христовата љубов што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја.
20Јуда 1,24-25А на Оној Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сѐ што ќе побараме или помислиме,
21Рим 16,24Нему нека е слава во Црквата преку Исус Христос во сите родови и за сите векови. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
