1 5 Мојс 15,7-11 Синко, не откажувај му ја помошта на сиромавиот; не измачувај ги со долго чекање очите на неволните.
2Не ожалостувај ја душата на гладниот; не огорчувај го оној што е во сиромаштија.
3Изреки 3,27-28Не измачувај срце што е веќе огорчено; не ја одлагај милоста спрема оној што нема.
4Тов 4,7Не одбивај ги молбите на неволниците; лицето твое не свртувај го од сиромавиот;
5не свртувај ги твоите очи од оние што просат; никому не давај повод да те колне.
62 Мојс 22,23; 5 Мојс 15,9; 24,15зашто, во жалоста на својата душа те проколнува; Оној Кој го создал – ќе ја послуша неговата молба.
7На собранијата настојувај да бидеш пријатен; пред оние што се погоре од тебе – наведнувај ја својата глава:
8Доближи го твоето уво кон сиромавиот; одговарај му насмеано и со кротост;
9Пс 81,2-4избавувај го угнетениот од раката на оној што го угнетува; а кога судиш – не биди малодушен.
10Ис 49,15; Јов 29,12; Лк 6,35На сираците – биди им како татко, а на нивната мајка – како маж;
11Изреки 3,13-18; Мудр 8,17-18
6,27; Изреки 1,23-25; 8,15-21; 9,1-6и ќе Му бидеш како син на Севишниот и Тој ќе те засака повеќе од твојата мајка.Мудроста воспитува12 Изреки 3,16-18; Мудр 6,14; 8,17-18 Мудроста ги издигнува своите синови, ги поткрепува оние што ја бараат.
13Изреки 3,35Кој ја сака неа – животот го сака; кој ја бара од рано утро – со радост ќе се исполни.
14Јн 14,21Кој ја има – ќе наследи слава; каде и да појде, Господ ќе го благослови.
15Кои ѝ служат – на Светиот Му служат; кои неа ја сакаат – Господ нив ги милува.
16Кој ја слуша – на народи ќе им суди праведно; кој внимава на неа – тој со доверба ќе живее;
17Мт 7,14ќе ја наследи оној што ќе ѝ се довери; и потомците негови – ќе владеат со неа.
18Јов 11,6; Дан 2,21-22; Јн 15,15Иако отпрвин таа ќе тргне со него по криви патишта; врз него ќе испрати страв и трепет;
19ќе го измачува со своето водење сѐ додека не се увери во неговата душа и не го испита во уредбите свои;
Вистински и лажен срам20на крајот таа, сепак, ќе го доведе на правиот пат, ќе го зарадува
2120,22; 41,16и ќе му ги открие своите тајни.
22Ако, пак, скршне од правиот пат, таа го остава и го предава во рацете на неговата пропаст.
23Набљудувај го правиот час и пази се од злото,
24па нема да се посрамиш на твојата душа.
25Има срам што води кон грев, а има и срам што води кон слава и благодат.
263 Мојс 5,5; 4 Мојс 5,7; 2 Цар 12,13; 3 Цар 21,29; Пс 37,1-4; 51,6Не биди лицемерен против самиот себе и не срамувај се на своја штета.
27Не задржувај го твојот збор во часот кога тој е потребен,
282 Мак 13,14; Јн 18,37зашто во зборот се познава мудроста, а во говорот на јазикот – знаењето.
291 Јн 3,18Не противречи ѝ на вистината, а срамувај се од своето незнаење.
30Не срамувај се да ги исповедаш твоите гревови и не задржувај го текот на реката.
31Дела 20,35Не потчинувај му се на глупав човек и не биди од страната на силниот.
32Бори се до смрт за вистината, и Господ Бог ќе се бори за тебе.
33Не биди брз во говорење, ниту мрзлив и немарен во твоите дела.
34Не биди како лав кога си во својот дом, а плашливец спрема твоите слуги.
35Да не биде твојата рака пружена за земање, а стегната за давање.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.