Римјаните 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Праведноста на Божјиот суд

1 Мт 7,2 И така, немаш изговор, о човеку, кој и да си ти, зашто со каков суд судиш друг, со таков се осудуваш сам, бидејќи ти, кој судиш, го правиш истото.

2А знаеме дека Божјиот суд, кој, паѓа врз оние кои вршат такви работи е според вистината.

3Зар мислиш, о човеку, дека ќе го из­бегнеш Божјиот суд ти, кој ги осудуваш оние што прават такви работи, какви што правиш и сам?

4Мудр 11,23; 2 Птр 3,9-15Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, стрпливост и дол­го­трпеливост, не разбирајќи дека Бож­јата благост те води кон покајување?

5Соф 1,14-18; Дела 7,51Но, поради твојата тврдокорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие пра­ведниот суд од Бога,

6Пс 61,12; Изреки 24,12; Мт 16,27; 1 Кор 3,8; 2 Кор 5,10Кој секому ќе му даде според не­го­вите дела:

71 Птр 1,7живот вечен на оние кои со трпение во добрите дела се стремат кон слава, чест и нераспадливост;

8јарост, пак, и гнев на оние што ѝ се непокорни на вистината, а ѝ се покоруваат на неправдата.

91,16Неволја и мака за секоја човечка ду­ша која прави зло, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин;

10слава и чест и мир на секој што прави добро, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин!

115 Мојс 10,17; Дела 10,34; Гал 2,6; Ефес 6,9; Кол 3,25; 1 Птр 1,17Зашто Бог не е пристрасен.

12Оние што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а оние што згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат и судени,

13Лк 8,21; Дела 10,35; Јк 1,22-25; 1 Јн 3,7бидејќи пред Бога не се праведни оние што го слушаат Законот, туку ќе се сметаат за праведни само оние што постапуваат според Законот.

14Зашто секогаш кога незнабошците, кои немаат Закон, природно ги из­вр­шу­ваат одредбите на Законот, тогаш тие, иако немаат Закон, се Закон на самите себе;

15тие докажуваат дека делото на Законот е запишано во нивните срца, за што сведочи и нивната совест, а и нив­ните внатрешни размислувања, со кои меѓусебно се обвинуваат или одбрануваат,

161 Кор 4,5; 2 Тим 2,8за оној ден, кога, според моето Евангелие, Бог преку Исус Христос ќе ги суди тајните на луѓето.

Јудејците и Законот

17 3,27; 4,2-3; 5,2; 11,18; Ис 48,1-3; Мт 3,8-9; Јн 8,33; 1 Кор 1,29-31; 2 Кор 1,12; Гал 6,13-14; Ефес 2,9 Ете, ти се нарекуваш Јудеец, и се потпираш на Законот, и со Бога се фа­лиш,

18Фил 1,10и ја знаеш волјата Негова, и повеќе разбираш што е подобро, зашто се поучуваш од Законот,

19Мт 15,14; Јн 9,40-41и уверен си дека си водач на слепци, а светлина на оние што се во мрак;

20Лк 18,9-12наставник на неразумни, учител на младината, зашто образец на знаењето и вистината имаш во Законот.

21Пс 49,16-21; Мт 23,3-4Но, како е можно тоа да учиш дру­ги, а себе самиот да не се учиш?

22Ти, кој проповедаш да не се краде, а крадеш; кој велиш да не се врши прељуба, а прељубодејствуваш; ти, кој се гнасиш од идолите, а крадеш од хра­мо­вите;

23ти, кој се фалиш со Законот, а прес­тапувајќи го Законот, зарем не Го сра­мотиш Бога?

24Ис 52,5; Ез 36,20-22; Јк 2,7; 2 Птр 2,2„Зашто поради вас името Божјо се хули меѓу незнабошците“, – така стои напишано.

25Ер 4,4; 9,24-25; 1 Кор 7,19; Гал 5,3Обрезанието е навистина полезно, но ако го извршуваш Законот. Ако, пак, правиш престапи против Законот, обре­занието твое станува необрезание.

26И така, ако необрезаниот ги пази одредбите на Законот, тогаш нема ли неговото необрезание да се смета како обрезание?

27И необрезаниот по тело, из­вр­шу­вај­ќи го Законот, нема ли да те осуди тебе, кој и покрај Писмо и обрезание си ста­нал престапник на Законот?

28Јн 8,15.39; Гал 6,15; Ефес 2,11; Фил 3,2Зашто не е прав Јудеец оној, кој е таков по надворешност, ниту право обрезание она, кое е надворешно, врз телото,

297,6; 8,2; 5 Мојс 30,6; Ер 4,4; 1 Кор 4,5; 2 Кор 3,6; Кол 2,11туку оној, кој е внатрешно таков, и она обрезание, што е во срцето, по дух, а не по буква. Неговата пофалба не потекнува од луѓето, туку од Бога.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help