Лука 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

За соблазната(Мт 18,6-7.21-22; Мк 9,42)

1 Мт 5,29; 1 Кор 8,12 И им рече Исус на учениците Свои: „Доаѓањето на соблазните е неизбежно, но тешко на оној преку кого доаѓаат;

2за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие помали.

33 Мојс 19,17; Мт 18,15; Гал 6,1Внимавајте на себе. Ако згреши против тебе братот твој, укори го, и ако се покае – прости му.

4И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ‚Се каам‘ – прости му.“

Моќта на верата(Мт 17,20)

5 6,13; Мк 9,24 И Му рекоа апостолите на Господа: „Засили ни ја верата!“

6Мт 13,32; 17,20; 21,21; Мк 4,31; 11,23; 1 Кор 13,2А Господ им рече: „Кога би имале вера колку синаповото зрно и ѝ речете на онаа црница: ‚Откорни се и пресади се в море!‘ – таа би ве послушала.

Должноста на слугата

7Кој од вас, кога ќе се врати од поле неговиот слуга, кој орал или чувал ов­ци, веднаш ќе му рече: ‚Дојди бргу и седни на трпеза!‘

8Јн 13,3-5Нема ли да му каже: ‚Приготви ми да вечерам, препаши се и служи ме до­дека јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј!‘

9Јов 22,3; 35,7Зар ќе му благодари на тој слуга што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не.

10Мт 25,30Па така и вие, откако ќе исполните сѐ што ви е заповедано, речете: ‚Ние сме слуги бесполезни, зашто го извр­шивме она што бевме должни да го из­вршиме.‘“

Исус исцелува десетмина лепрозни

11 9,51; 13,22; 19,28; Мк 9,30; Јн 4,4 А кога одеше за Ерусалим, Тој по­минуваше меѓу Самарија и Галилеја.

123 Мојс 13,45-46; Мт 8,2Кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни луѓе и застанаа по­да­леку,

13Мт 9,27; 15,22па со силен глас повикаа: „Исусе Учителе, смилувај ни се!“

145,14; 3 Мојс 14,2-32Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ И тие, уште додека одеа, се очистија.

152,20А еден од нив, кога виде дека е из­ле­куван, се врати и Го прослави Бога гласно;

169,52-53и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самар­ја­нин.

17Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се очистија десетмина? Каде се дру­ги­те девет?

18Зарем не се најдоа да се вратат и другите и да Му воздадат слава на Бога, туку само овој туѓинец?“

197,50; 8,48; 18,42; Мк 10,52И му рече: „Стани, оди си! Твојата ве­ра те спаси!“

За доаѓањето на царството Божјо(Мт 24,23-28.37-41)

20 9,11; Мт 3,2; 4,17; 6,10; Дела 1,6 Запрашан од фарисеите кога ќе дојде царството Божјо, Тој им одговори: „Царството Божјо не доаѓа забележ­ливо,

2117,23; Мт 24,23ниту, пак, ќе се каже: ‚Еве, овде е‘ или: ‚Еве, онде е‘. Зашто цар­ство­то Божјо е во вас внатре.“

22Амос 5,18; Мт 8,20; Мт 9,15; 1 Кор 1,8И им рече на учениците: „Ќе дојдат дни, кога ќе копнеете да видите еден од деновите на Синот Човечки, и нема да видите:

2319,11; 21,8-9; Мт 24,23-27; Мк 13,21и ќе ви речат: ‚Еве Го, овде е‘ или: ‚Еве, онде е‘. – Но, не одете и не барај­те!

24Откр 1,7Зашто, како што молњата, кога ќе свет­не на небото ос­ветлува сѐ што е под небото, така ќе биде и Синот Човечки во Својот ден.

2518,32; Мт 16,21; Мк 8,31Но, најнапред Тој треба многу да пострада и да биде отфрлен од овој род.

261 Мојс 6,5-12Како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки:

271 Мојс 7,6-23јадеа, пиеја, се женеа, се ма­жеа, сѐ до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите.

281 Мојс 18,20-21; 19,1-29; 2 Птр 2,5 Исто така, како што беше во Ло­товите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа;

291 Мојс 19,24; 2 Птр 2,7но во денот, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги погуби сите;

30така ќе биде и во денот кога ќе се јави Синот Човечки.

3121,21; 1 Мојс 19,17; Ер 4,6; 48,6; 49,8.30; 51,6; Мт 24,17-18; Мк 13,15-16Во тој ден, кој е на покрив, а по­куќ­нината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; а така и оној кој е в поле, да не се враќа назад.

321 Мојс 19,26Сетете се на Лотовата жена.

339,24; Мт 10,39; 16,25; Мк 8,35; Јн 12,25Кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој ќе го загуби, ќе го запази.

34Мт 24,40-41Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават;

35две жени ќе мелат заедно: едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават.“

36„Двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.“

37Ис 18,6; 34,15-16; Ер 7,33; 15,3; Ез 39,17; Јов 39,30; Мт 24,28И, кога одговорија, Му рекоа: „Ка­де, Господи?“ А Тој им рече: „Каде што е лешот, таму ќе се соберат и орлите.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help