1Слово, откриено во видението на Амоцовиот син Исаија, за Јудеја и Ерусалим.
2Мих 4,1; Зах 8,3; Пс 2,6И ете, во последните дни гората на домот Господов ќе биде поставена на врвот од планините и ќе се возвиси над ридовите, ќе појдат кон неа сите народи.
356,6-8; Мих 4,2; Пс 23,3; 122,4; Лк 24,47; Јн 4,22Ќе тргнат многу народи и ќе речат: „Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бог Јаковов; Тој ќе нѐ научи на Своите патишта и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим – словото Господово.“
43,13; Ос 2,20; Јоил 3,9-11; Мих 4,3; Зах 9,10И ќе им суди Тој на народите и ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои – во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна.
560,1-3; Пс 55,13; Изреки 6,23; Варух 4,2О, доме Јаковов! Дојдете, да одиме во Господовата светлина.
Грешни обичаи6 57,3; 5 Мојс 18,10.14 Но Ти го отфрли Својот народ, домот Јаковов, зашто тие примија многу од источните зла и маѓесници си имаат како Филистејците, и се братимат со синови на туѓинци.
75 Мојс 17,16-17; Пс 19,7Се исполни земјата негова со злато и сребро, богатствата крај немаат; се исполни земјата негова со коњи, колите негови број немаат.
817,8; Ер 1,16; 25,6Се исполни земјата негова со идоли: тие се поклонуваат на изработка од своите раце, на она што нивните прсти го направиле.
95,15Човекот е свиткан, мажот е понижен – не простувај им!
Господ ќе суди10 26,20; Ос 10,8; Лк 23,30; 2 Сол 1,9; Откр 6,16 Влези во пештерата и сокриј се во земјата од страв пред Господ и од славата на Неговото величие.
11Пс 17,27; Лк 1,51Ничкум ќе паднат гордите погледи човечки, и она, што е високо кај луѓето, ќе се понизи; а само Господ ќе стои високо во тој ден.
12Зашто иде денот на Господ Саваот против сѐ што е гордо и надуено и против сѐ што е превознесено, – и тоа ќе биде понизено, –
1310,34; Наум 1,4; Зах 11,2против сите кедри леванонски, високи и величествени, и против сите дабови башански,
1430,25против сите високи гори и против сите ритчиња што се издигаат,
15Соф 1,16против секоја висока кула и против секоја цврста ѕидина,
163 Цар 22,49; Пс 47,7против сите таршишки кораби и против сите нивни украси.
172,11; 2 Цар 22,3И ќе падне човечкото величие, она што е високо кај луѓето ќе се понизи; само Господ ќе стои високо во тој ден,
18Ер 10,11.15а идолите сосема ќе исчезнат.
192,10; 4 Мојс 10,35; Пс 81,8И ќе влезат луѓето во карпести пештери и во земни јами од страв пред Господ и од славата на Неговото величие, кога ќе се крене Тој да ја потресе земјата.
2030,22; 31,7Во тој ден човекот ќе ги фрли своите сребрени и своите златни идоли, што ги направил за да им се поклонува,
212,19за да влезе во камени процепи и во планински долови од страв пред Господ и од славата на Неговото величие, кога ќе се крене Тој да ја потресе земјата.
221 Мојс 2,7; 6,3; Ер 17,5; Јов 7,16-17; 34,14Престанете да се надевате на човек, чие дишење е во ноздрите негови, зашто – што знае тој?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.