1 Пс 82,5; 1 Лет 4,41 Потоа Моавците и Амонците, а со нив и некои од земјата Моавска, појдоа во војна против Јосафат.
21 Мојс 14,7Дојдоа и му јавија на Јосафат, велејќи: „Против тебе доаѓа големо множевтво народ од преку море, од Арам, и веќе се во Хацецон-Тамара, односно во Ен-Геди.“
31 Цар 7,6; Ис 58,6; Ер 36,9; Ест 4,16; Дан 9,3; 1 Езд 8,23; Неем 1,4Јосафат се уплаши и го сврте лицето свое и Го побара Господа и објави пост во цела Јудеја.
4Ер 36,6Се собраа Јудејци да молат за помош од Господ; дојдоа да Го молат Господа од сите Јудини градови.
5И застана Јосафат во собранието на Јудејците и на ерусалимците во Домот Господов, пред новиот трем,
65 Мојс 4,39; Ис 14,27; Ер 32,27; 1 Лет 29,11-12; Мт 6,9и рече: „Господи, Боже на предците наши! Не си ли Ти Бог на небото? Ти владееш над сите царства на народите; и во Твојата рака е силата и цврстината, и никој не може да застане против Тебе!
71 Мојс 12,7; Ис 41,8Нели Ти, Боже наш, ги истера жителите на оваа земја, пред лицето на Твојот народ Израил и му ја даде засекогаш на потомството на Авраама, Твојот пријател?
8Тие се населија во неа и Ти изградија во неа светилиште за Твоето име, велејќи:
9‚ако дојде врз нас невола: меч погубен, или помор, или глад, ќе застанеме пред овој дом и пред Твоето лице, зашто името Твое е во тој дом; и во маките свои ќе повикаме кон Тебе, и ти ќе нѐ чуеш и ќе нѐ избавиш.‘
104 Мојс 20,14-21; 5 Мојс 2,4-6А гледај, Амонците и Моавците и жителите на гората Сеир, чии земји не дозволи да ги нападнат Израилците, кога доаѓаа од египетската земја, па затоа тие ги одминаа и не ги сотреа,
11тие пак сега ни возвраќаат со лошо, доаѓајќи да нѐ истераат од Твојот посед, што си ни го дал да го наследиме.
12Суд 11,27; Ис 30,15; Пс 24,15Боже наш! Суди им Ти. Зашто ние немаме сила против тоа големо множество, што нѐ нападнало и не знаеме, што да правиме; но очите ни се кон Тебе.“
13Сите Јудејци стоеја пред лицето Господово, и нивните мали деца, жените нивни и синовите нивни.
141 Лет 9,15Тогаш Духот Господов слезе среде собранието врз Јахазиел, синот на Захарија, син Бенаев, син Јеиелов, син Матаниев, левит од Асафовите синови.
151 Цар 17,47; Пс 90,8И рече: „Чујте сите Јудејци и жители ерусалимски, и ти, царе Јосафате! Вака ви вели Господ ваш: Не плашете се и не стравувајте од тоа големо множество, зашто војната не е ваша, туку Божја.
161 Цар 17,47Излезете утре против нив: ете, тие ќе се искачуваат по ридот Циц, вие ќе ги најдете на крајот на долината, спрема пустината Јеруел.
172 Мојс 14,13Овој пат нема вие да се борите: застанете, стојте и гледајте го спасението од Господ, што ви се испраќа. Јудо и Ерусалиме, не плашете се и не стравувајте! Излезете утре против нив, и Господ ќе биде со вас!“
181 Мојс 24,26Јосафат се поклони со лицето до земја, и сите Јудејци и жители ерусалимски паднаа пред Господ, за да Му се поклонат.
19А левитите од синовите Каатови и од синовите Корееви почнаа да Го слават Господ, Бог Израилев, со многу висок глас.
201 Мојс 39,3; Ис 7,9Утредента станаа рано и тргнаа кон Текојската пустина, и кога тргнаа, застана Јосафат и рече: „Чујте ме, Јудејци и жители ерусалимски! Верувајте Му на Господ, вашиот Бог, и бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови и ќе имате успех.“
21Пс 135,1Потоа се посоветува со народот и постави пејачи пред Господ, тие со свечени облеки, одејќи пред војската, ќе ја слават светоста и ќе велат: „Фалете Го Господа, зашто милоста Негова е засекогаш!“
22И кога почнаа да воскликнуваат и да Му пеат славопои, Господ предизвика несогласност меѓу Амонците, Моавците и жителите на гората Сеир, што ја беа нападнале Јудеја, и тие беа разбиени:
231 Мојс 19,38; Суд 7,22; 1 Цар 14,20; Ез 38,21зашто Амонците и Моавците се кренаа против жителите на гората Сеир, и ги биеја и ги истребуваа, а кога завршија со жителите на Сеир, почнаа да се истребуваат едни со други.
24И кога Јудејците дојдоа на ридот кај пустината и го видоа она множество, а таму – трупови, испружени по земјата, и никој не се беше спасил.
25Дојде Јосафат и народот негов да собираат плен, најдоа кај нив прилично многу и богатство, и облека и скапоцени работи, и собраа толку, што не можеа да носат. Три дни собираа плен – толку многу голем беше тој!
26А на четвртиот ден се собраа во Долината на благословот, бидејќи таму Го благословија Господа. Затоа тоа место се вика Емек Бераха – Долина на благословот и до денес.
27Тогаш сите Јудејци и ерусалимците, на чело со Јосафат, тргнаа да се вратат во Ерусалим радосно, зашто Господ им даде победа над непријателите нивни.
28И дојдоа во Ерусалим со харфи, лири и труби пред домот Господов.
291 Мојс 35,5И страв Божји навлезе кај сите царства земни, кога слушнаа дека Сам Господ војувал против непријателите на Израил.
301 Лет 22,9И царството Јосафатово се успокои; Господ му даде мир од сите страни.
Крај на владеењето на Јосафат(3 Цар 22,41-50)31Така царуваше Јосафат над Јудеја. Кога стана цар, беше на триесет и пет години, и царуваше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува, ќерка на Шилхи.
32Тој одеше по патот на својот татко Аса и не се отстрани од него, вршејќи го она што е угодно пред очите на Господ.
33Само идолските светилишта уште не беа разрушени, народот сѐ уште не го беше свртел срцето свое кон Бога на своите предци.
343 Цар 16,1Другите дела Јосафатови, први и последни, опишани се во записите на Јуј, синот Ананиев, кои се внесени во книгата на израилските цареви.
35Но потоа Јосафат, царот јудејски, се здружи со Охозија, цар израилски, кој постапуваше беззаконо;
36се поврза со него, за да градат кораби, што ќе ги испраќаат во Тарсис; а изградија и кораби во Ецјон-Гевер.
37Тогаш Елиезер, синот на Додавах од Мареша, пророкува за Јосафат и рече: „Бидејќи си се здружил со Охозија, Господ ќе го разруши твоето дело.“ И корабите се разбија и не можеа да отпловат за Тарсис.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.