Михеј Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведПророкот Михеј му бил современик на пророкот Исаија. Пророкувал во периодот од 740 до 700 г. пр. Христос. Тој потекнува од еден мал град во Јудеја. Неговата порака се однесува конкретно за Самарија – главниот град на Израил и за Ерусалим – главниот град на царството Јудеја.Наместо да го водат народот во верност кон Господ, водачите во обете царства ги вовеле луѓето во идолопоклонство, во измами и ограбувања на сиромасите. Затоа, Господ им навестува казна и на Јудејците, и на Израилците. Воедно, Господ им објавува дека, во иднина, народите на Јудеја и на Израил ќе се вратат кај Господ. Тогаш Тој и од Него избраниот цар ќе се грижат за народот како што пастирот се грижи за своите овци.Важни моменти во оваа книга се најавите за сеопшт мир под Божјо водство (4,1-4) и претскажувањата за Великиот Цар (Исус Христос), Кој ќе произлезе од семејната лоза на царот Давид (5,2-5). Тоа што Бог го очекува од луѓето е убаво искажано во еден единствен стих (6,8).