1 5 Мојс 32,1 Слушни ги, народе мој, поуките мои, нека чуе увото ваше што зборува устата моја.
248,4; Мт 13,35Ја отворам устата своја со парабола и ќе зборувам за непознатите работи од старо време,
343,1; 144,4; 2 Мојс 10,2; 12,13; Јов 8,8работи што ги чувме и дознавме и што ни раскажуваа татковците наши,
421,30; 147,8; 2 Мојс 10,2; 12,25-26; 12,13-14; 5 Мојс 4,9; 6,19-24нема да ги криеме од нивните деца, на идниот род ќе му раскажуваме за славата на Господ и силата Негова, и чудесата Негови што Тој ги изврши.
5Тој подигна сведоштво во Јаков и положи закон во Израил, и им заповеда на татковците наши сето тоа да им го објават на децата свои,
6за да знае идниот род, децата, што ќе се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца,
7да ги полагаат надежите свои во Бога, да не ги забораваат делата Божји, да ги чуваат Неговите заповеди
85 Мојс 31,27; 31,5.20и да не бидат како татковците нивни – род тврдоглав и бунтовен, непостојан по срце и не Му остана верен на Бога со духот свој.
9Ос 7,13-16Синовите Ефремови, вооружени, стрелајќи со лакови, отстапија во денот на битката:
10тие не го запазија заветот на Бога и не сакаа да одат по Неговиот Закон.
11Ги заборавија Неговите добрини и чудеса, што им ги беше покажал,
12чудесата што пред очите на нивните татковци ги направи во египетската земја, во полињата на Цоан;
132 Мојс 14–15го раздвои морето и ги преведе преку него, и ги постави водите како насип;
14104,39; 2 Мојс 13,21дење ги водеше со облак, а по цела ноќ – со огнена светлина;
15104,41; 113,8; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; Ис 48,21разби карпа во пустината и ги напои како од голема бездна.
16Од карпата изведе вода, и води потекоа како реки.
17Ез 20,13Но тие продолжуваа и понатаму да грешат пред Него и да Го огорчуваат Севишниот во пустината:
1894,8-9; 2 Мојс 16,2-36; 5 Мојс 6,16Го искушуваа Бога со срцето свое, барајќи храна за своето лакомство,
1922,5па Го нападнаа Бога, велејќи „Може ли Бог да приготви трпеза во пустина?“
20Ете, Тој удри во карпа – и бликнаа води, потекоа потоци. Може ли Тој да му даде и леб, може ли да му приготви месо на Својот народ?
214 Мојс 11; 5 Мојс 32,22Поради ова што го чу, Господ се разгневи и пламна во гнев, и оган се разгоре против Јаков и гнев се крена против Израил,
22затоа што не поверуваа во Бога и не се надеваа на спасението во Него.
234 Цар 7,2; Мал 3,10Тој им заповеда на облаците одозгора и се отворија вратите на небесата,
24Јн 6,31па им истури дожд од мана да јадат, и им даде леб небесен.
25104,40; 5 Мојс 8,3; Мудр 16,20; 1 Кор 10,3Леб ангелски јадеше човекот: Тој им испрати храна до наситување.
264 Мојс 11,31Го раздвижи од небото јужниот ветар и со силата Своја го дотера југозападниот ветар,
27па ги одожди со месо како со прав и со птици пернати како со песок морски:
28ги нафрла среде нивниот табор, околу нивните живеалишта,
29Ос 13,6и тие јадеа и се заситија: и тоа што го сакаа, им го даде.
304 Мојс 11,33Но уште не беше минала нивната желба, и храната уште им беше во устата нивна,
314 Мојс 14,29а гневот Божји дојде врз нив, ги уби нивните најсилни и израилските момчиња ги погуби.
32При сето тоа тие продолжуваа да грешат и не поверуваа во чудесата Негови.
33И така им минеа дните нивни попусто и годините нивни во ужас.
344 Мојс 21,7; 5 Мојс 32,15.18; Ис 26,16; Ос 5,15Кога ги убиваше, тогаш Го бараа, се обраќаа и прибегнуваа кон Бога,
35и се сеќаваа дека Бог е нивен помошник и дека Севишниот Бог е нивен избавител.
36Но со устата своја Го мамеа, со јазикот свој лажеа пред Него;
37Ис 29,13; Ос 6,4; 8,1; Дела 8,21срцето нивно не Му беше наполно верно, и тие не беа цврсти во заветот Негов.
3864,3; 84,3; 2 Мојс 32,14; 4 Мојс 14,20; Ис 48,9; Ез 20,22; Ос 11,8-9Но Тој, Милостивиот, им го простуваше гревот и не ги истребуваше, многупати ја отстрануваше јароста Своја и не го разгоруваше сиот Свој гнев:
39Тој ќе си спомнеше дека се тие тело и здив што оди и не се враќа.
405 Мојс 9,22Колкупати Го беа огорчувале во пустината и Го беа разгневувале во безводната земја!
41Ис 6,3И отстапуваа и одново Го искушуваа Бога и Го раздразнуваа Светецот Израилев;
422 Мојс 12,29-36; Мудр 16–18не се сеќаваа на Неговата рака, ни на денот кога Тој ги избави од непријателот;
432 Мојс 7–11кога ги покажа во Египет Своите знаци и во полињата на Цоан – Своите чудеса;
44и ги претвори реките нивни и потоците нивни во крв, за да не можат да пијат;
45испрати на нив бубачки да ги боцкаат и жаби да ги уништат;
46житото нивно го предаде на гасеници и трудот нивен на скакулци;
47лозјата им ги исчука со град и смоквите нивни – со слана.
48И добитокот нивен го уништи со град, а имотот нивен – со оган;
49го испрати врз нив гневот на јароста Своја, јарост, и гнев, и маки – одред зли ангели;
50го отвори патот на Својот гнев, не ги поштеди од смрт ни душите нивни и добитокот нивен го предаде на помор;
51104,36; 105,22уништи сѐ што беше првородено во Египет, првините од нивниот труд во шаторите на Хам.
5276,20; 2 Мојс 12,41-42; 12,16-17Тогаш го поведе Својот народ како овци, и ги водеше како стадо преку пустината:
532 Мојс 13,17.21; 13,19; 2 Мојс 15,10.19ги водеше сигурно, и тие не се уплашија; непријателите нивни ги покри морето –
54и Ги воведе во светата Своја гора, онаа, која десницата Негова ја беше придобила;
5543,2; 104,11.44; Ис.Н. 13,6; 22,4; 23,8-13и ги изгони од пред лицето нивно народите, а земјата им ја раздели со ждрепка во нивно наследство, и ги насели израилските колена во полињата нивни.
565 Мојс 32,16.21; Суд 2,11-13Но тие Го искушуваа и Го огорчуваа Бога Севишниот и не ги пазеа наредбите Негови.
57Отстапија и се оттргнаа како татковците нивни, се претворија во искривен лак.
58Го разгневуваа на ридовите свои и со своите идоли Го раздразнуваа.
59Бог го чу тоа, се разгневи многу, го отфрли Израил;
60Ис.Н. 18,1; 1 Цар 1,3; 4,2; Ер 7,12; 25,6ја отфрли скинијата во Силом, во која се всели Тој меѓу луѓето;
611 Цар 4,11.22и ја предаде во ропство нивната крепост и убавината нивна во рацете на непријателот;
62Ер 12,7па го предаде Својот народ на меч и се разгневи на Своето наследство.
635 Мојс 32,22-25; Ер 7,34Момчињата нивни оган ги голташе, и за девојките нивни немаше свадбени песни;
64Јов 27,15свештениците нивни паѓаа од меч, и вдовиците нивни не беа оплакувани.
65Тогаш се разбуди Господ како од сон, како јунак од вино совладан,
661 Цар 5,6-7и ги порази непријателите Свои од зад грб и ги предаде на вечен срам.
67И го отфрли Јосифовиот шатор и не го избра коленото Ефремово,
6846,4; 86,2; Сир 24,11туку го избра коленото Јудино, гората Сион, која ја возљуби.
6947,2; 86,2; 2 Цар 5,9И изгради светилиште Свое како небото и како Земјата го утврди засекогаш,
701 Цар 13,14; 15,11-13и го избра Давид, својот слуга, го зеде од овчите стада,
712 Цар 5,2; 7,7; Ис 40,11; Ез 34,13.23; 36,24; Мих 7,14и од овците што се јагнат го доведе за да го пасе народот Негов, Јаков и Израил, наследството Негово.
7276,20И Тој ги пасеше со чисто срце и ги водеше со Својата мудра рака.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.