Еремија 48 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророкување против Моав

1За Моав вака вели Господ Са­ваот, Бог Израилев: тешко на Не­во, бидејќи ќе биде опустошен; Кир­ја­та­им ќе се осрамоти, и ќе се предаде; тврдината ќе се посрами и ќе се разурне.

2Ќе ја снема повеќе славата на Моав; во Есевон ќе преземаат зло против не­го: да отидеме за да го сотреме меѓу на­родите. И ти, Мадмене, ќе опустееш; меч ќе те гони.

3Се слушна пискот од Хоронаим, пустошење и сотирање големо!

4Ис 15,1Моав е сотрен; пискот кренаа децата негови.

5На искачување кон Лухит се слуша непрестаен плач; слегувајќи од Хоро­на­им, се слуша ужасен викот поради про­паста.

6Бегајте, спасувајте си ги животите свои и бидете како оголено дрво во пус­тина.

717,5; 49,4Бидејќи ти се надеваше на делата свои и на ризниците свои, затоа ќе би­деш фатен, и Хамос ќе појде во ропство заедно со свештениците и со кнезовите свои.

8И ќе дојде пустошник врз секој град, и ниеден град нема да се одржи; ќе из­умре долината и ќе запусти рамнината, како што вели Господ.

948,28Ставете му надгробна плоча на Мо­ав, зашто сигурно ќе падне! Градовите негови ќе станат пустина, зашто ќе нема во нив кој да живее.

1046,10; 1 Цар 15,3.9.11; 3 Цар 20,32Нека е проклет секој, кој немарно го извршува делото на Господ, и нека е проклет кој го задржува мечот Негов од крв!

11Соф 1,12Од младоста своја Моав беше спо­коен, и се гордееше со својата слава, и не се преточуваше од сад во сад и во ропство не беше отишол; затоа во него си остануваше вкусот негов, и мирисот негов не се менуваше.

12Но, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе пратам врз него преливачи, што ќе го преливаат и ќе ги испразнат садовите негови и ќе ги скршат стомните негови.

13Па ќе биде посрамен Моав заради Хамос, како што беше посрамен домот Израилев поради Ветил, надежта негова.

14Зошто вие велите: ние сме луѓе храбри и силни сме во бој?

1550,34; 51,57; Ис 51,15Моав е сотрен, и градовите негови горат, и одбраните момчиња негови појдоа на клање, вели Царот – Господ Са­ваот е името Негово.

16Блиска е погибелта на Моав, и брза неговото зло.

17Сожалете го сите негови соседи, и сите што го знаете името негово, ре­че­те: како се здроби моќниот жезол и славниот скиптар!

18Слези од височината на величието твое и седни во жедната земја, ќерко, жителко на Дивон, бидејќи пусто­ш­ни­кот на Моав ќе дојде кај тебе и ќе ги разруши тврдините твои.

19Застани на патот и погледај ти, која живееш во Ароер, прашај го оној, што бега, и онаа, што гледа да се избави: што станува?

20Засрамен е Моав, зашто е сотрен; плачете и викајте, соопштете во Арнон дека Моав е опустошен.

21И суд дојде врз рамнината, врз Хо­лон, врз Јахца и врз Мефаат,

22врз Дивон, врз Нево и врз Бет-Дивлатаим,

23врз Кирјатаим, врз Бет-Гамул и врз Бет-Меон,

24врз Кериот, врз Восор и врз сите градови на земјата моавска, далечни и блиски.

25Ез 30,21; Пс 36,17Одбиен е рогот на Моав и раката негова е скршена, вели Господ.

2648,42; 51,57; Дан 5,23Опијте го, зашто тој се крена против Господ; нека се валка Моав во блуе­ницата своја, и сам ќе стане за потсмев.

27Зар не стана кај тебе Израил за пот­смев? Зар тој беше фатен меѓу крадци­те, па ти, кога зборуваше за него, само ја мавташе главата?

28Жители моавски, оставете ги гра­до­вите и живејте по карпите и бидете ка­ко гулаби, кои вијат гнезда кај влезот на пештера.

29Ис 16,6; Соф 2,10Чувме за гордоста на Моав, гордост прекумерна, за неговата самоувереност и неговата надуеност, за неговото фа­ле­ње и за горделивото негово срце.

30Ја знам Јас дрскоста негова, вели Господ, празна е неговата фалба, лажни се неговите дела!

31Затоа, ќе плачам за Моав и ќе пиш­там за целиот Моав; ќе воздивнувам за оние во Кир-Херес.

32Пс 79,11Ќе плачам за тебе, лозо сивмајска, како што плачев за Јазер; твоите лозинки се протегаа преку морето, стигаа до езерото јазерско; сотирачот ги нападна твоите летни производи и зрелото грозје.

33Радоста и веселбата се одзеде од Кармил и од земјата моавска. Јас ќе на­правам виното во бурињата да заврши; никој веќе нема да гази во каци со пес­ни; боен повик ќе има, а не радосен вик.

34Од пискотот на Есевон до Елале и до Јахца тие ќе креваат глас, од Сигор до Хоронаим и до Еглат-Шелишија, би­дејќи и водите на Нимрим ќе пресушат.

35Ќе ги сотрам во Моав, вели Господ, оние што принесуваат жртви по незнабожечките светилишта и кои им кадат на боговите.

364,19; Ис 16,11Затоа срцето Мое ќе пишти за Мо­ав како свирка, за жителите во Кир-Херес, срцето ќе им биде како свирка, бидејќи сите добра од нивните богатства пропаднаа;

3749,3; Ис 15,2на секого главата ќе му биде гола и на секого брадата поткастрена, кај сите на рацете ќе има зарези, а околу бедрата вреќиште.

38По сите покриви на Моав и по не­говите улици ќе има само плач, бидејќи Јас го уништив Моав, како непотребен сад, вели Господ.

39Како е сотрен тој, ќе речат, пла­чеј­ќи; како Моав се покри со срам, кога го сврти тилот, и ќе биде Моав за потсмев и ужас, за сите, што го опкружуваат,

4049,22; 5 Мојс 28,49зашто вака вели Господ: ете, како орел ќе слета тој и ќе ги рашири крилјата над Моав.

41Градовите ќе бидат победени и тврди­ните освоени, а срцето на храб­ри­те Моавци ќе биде во оној ден како срце на жена, што се измачува при породува­ње.

4248,26; 50,29И ќе биде истребен Моав меѓу народите, бидејќи се крена против Господ.

43Ис 24,17-18; Плач 3,47Страв, јама и стапица околу тебе – жителу моавски, вели Господ.

4411,23; 23,12; Амос 5,19Кој ќе избега од ужасот, ќе падне во јама; а кој ќе излезе од јамата, ќе падне во стапица; бидејќи ќе ја испратам врз него, врз Моав годината на нивната каз­на, вели Господ.

454 Мојс 21,28; 4 Мојс 24,17Под сенката на Есевон премалени­те бегалци. Но оган излезе од Есевон, и пламен среде Сион, па ќе го изгори крајот на Моав и темето на немирните синови.

464 Мојс 21,29Тешко тебе, Моаве! Пропадна на­родот од Хамос, бидејќи синовите твои ти ги одведоа во ропство, и ќерките твои – во плен.

4712,15; 29,14; 49,6.39Но во последните дни ќе ги вратам моавските заробеници, вели Господ. Дотука е судот за Моав.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help