Броеви (ЧЕТВРТА КНИГА МОЈСЕЕВА) - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
(ЧЕТВРТА КНИГА МОЈСЕЕВА)ВоведКнигата Броеви го добила името според еден од настаните што се спомнува во неа, осносно според пребројувањето на Евреите во Синајската Пустина.Народот на Израил, откако ги добил преку Мојсеј сите Божји закони, се подготвува да тргне кон ветената земја (1,1–10,10). Патот првин ги води во Кадис-Барнеа, на влезот од оваа земја, но тие не се решиле да влезат во неа. Осудени да талкаат цели четириесет години низ пустинските области, тие се отправиле на југ и по извесно време дошле во моавската земја, на источната страна од Мртвото Море (10,11–21,35). Во последните глави од книгава се опишуваат разни настани што се случиле во Моав. Оттука подоцна народот на Израил ќе влезе во хананската земја (22,1–36,13). Исход и Левит ни го претставува Божјиот народ во неговата реална човечка димензија, кога по вербата доаѓаат сомнежи, по енергичноста – очајување, по величието – паѓање. Спротивно на ова, јасно може да се види постојаната верност од страна на Бога, која не се поништува со Неговата строгост и справедливост.Тука Мојсеј го зазема чувствителното место помеѓу Господ и народот: тој ги пренесува Неговите заповеди и истовремено се застапува пред Него за народот, кога тој согрешува пред Бога и не се придржува кон Неговиот закон.