Еремија 44 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Господ ќе ги уништи Јудејците

1 44,8; 46,14 Дојде слово Господово до Еремија за сите Јудејци, кои живеат во египетската земја, населени во Миг­дол, Тафнис, Мемфис и во земјата Патрос за да каже:

2вака вели Господ Саваот, Бог Из­ра­и­лев: „Вие ја видовте сета несреќа, што ја испратив врз Ерусалим и врз сите градови јудејски; ете, тие се сега запус­тени и никој не живее во нив,

3поради нивната злоба, што згрешија, откако Ме разгневуваа, одејќи да кадат и да служат на други богови, што не ги познаваа ни тие, ни вие, ниту тат­ков­ци­те ваши.

435,15; 44,22; 2 Лет 36,15И ги праќав кај вас сите слуги Мои – пророците, ги праќав од рано утро, за да ви кажат: ‚Не правете го тоа гнасно дело, што Ми е одвратно.‘

5Но тие не го приклонија увото и не слушаа, за да се одвратат од своето зло, да не кадат на други богови.

67,20; 36,7; 44,22-23И Мојата јарост и Мојот гнев се из­леа и се разгори врз градовите на Јудеја и по ерусалимските улици; тие станаа урнатини и пустелија, како што гледате сега.

7Авак 2,10; Плач 2,11; 4,4А сега, вака вели Господ, Бог Са­ва­от, Бог Израилев: зошто го вршите тоа големо зло на душите свои, истребувајќи ги помеѓу себе мажите и жените, возрасните, децата и младинците во Јудеја, за да не оставите остаток, па,

81,16; 26,6-7бидејќи Ме разгневувате со делата на рацете свои, со кадењето пред други богови во земјата египетска, каде што дојдовте да живеете, та да се погубите самите себе и да станете за проклетство и укор кај сите народи по земјата?

9Зар го заборавивте нечестието на ва­шите татковци и нечестието на јудеј­ските цареви, вашето сопствено не­чес­тие и нечестието на вашите жени, што го вршеа во земјата јудејска и по еруса­лимските улици?

10Но, тие не се смирија ни до денес, не се плашат и не одат по Мојот закон и по Моите наредби, што ви ги дадов вам и на татковците ваши.

1121,10Затоа, вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, ќе го свртам против вас лицето Свое за погибел и за да ја истребам цела Јудеја,

12и ќе го земам остатокот Јудин што реши да замине во земјата египетска и да живее таму, и ќе бидат истребени си­те; ќе паднат во земјата египетска и со меч и со глад ќе бидат истребени; мало и големо ќе умрат од меч и од глад, и ќе бидат изложени на проклетство и ужас, за поруга и укор.

1327,13Ќе ги казнам оние што живеат во земјата египетска, како што го казнив Ерусалим, со меч, со глад и со помор,

14и никој нема да избега и нема да се спаси од остатокот на Јудејците, кои дојдоа во земјата египетска, за да жи­веат таму и потоа да се вратат во земјата јудејска, каде што од сѐ срце сакаа да се вратат, за да живеат таму; никој нема да се врати освен оние што ќе побегнат оттаму.“

Народот Го отфрла Господа

15 44,3.8.21.23 И сите мажи, кои знаеја дека же­ни­те нивни им кадат на други богови, и си­те жени, што стоеја таму во големо множество, и сиот народ кој живееше во земјата египетска, во Патрос, му од­говорија на Еремија и му рекоа:

16„Зборот, што ни го кажа во името Господово, ние не го слушаме;

172,31; 5,23; Пс 49,17; Ос 2,5туку ќе правиме сѐ што е излезено од устите наши: ќе ѝ кадиме на Небес­ната кралица и ќе ѝ правиме преливи, како што го правевме тоа, ние и предците наши, царевите наши и кнезовите наши, по градовите на Јудеја и по ули­ците ерусалимски, бидејќи тогаш бевме сите во добра состојба и беди не ви­довме;

1844,25; 1 Мак 1,11и, откако прекративме да ѝ кадиме на Небесната кралица и да ѝ правиме преливи, трпиме секакви скудности и загинуваме од меч и од глад.

19И кога ѝ кадиме на Небесната кра­лица и ѝ принесуваме преливи, зар без знаење на нашите мажи ѝ правиме леп­чиња со нејзиниот лик или принесуваме преливи?“

20Тогаш Еремија му рече на сиот на­род, на мажите и жените, и на сиот на­род што така му одговараше:

21„Зар Господ не си спомна за ка­де­њето, што го извршувавте во јудејските градови, по улиците ерусалимски, вие и предците ваши, царевите ваши, кнезовите ваши и народот од земјата, и зар не влезе тоа во срцето Негово?

229,9-10; 15,6; 44,4Господ не можеше веќе да ги поднесува вашите лоши дела и одвратности, што ги правевте; затоа и земјата ва­ша стана пустина, ужас и проклетство, без жители, како што гледате сега.

231,16; 3,25Затоа што кадевте и Му грешевте на Господ, не го слушавте гласот на Господ и не одевте според законот Не­гов, по наредбите Негови и по за­по­ве­ди­те Негови, па затоа и ве постигна ова зло, како што гледате сега.“

2444,26Тогаш Еремија му рече на сиот на­род и на сите жени: „Чујте го словото Господово, вие, сите Јудејци, што сте во земјата египетска;

257,18; 19,13; 44,17; Соф 1,5вака вели Господ Саваот, Бог Из­ра­илев: сѐ што зборувавте со устата, тоа и со раце го правевте вие и жените ваши; вие велите: ‚да ги исполнуваме нашите завети, што ги ветивме, да ѝ кадиме на Небесната кралица и да ѝ принесуваме преливи.‘ Навистина, вашите завети ги одржавте и ги извршивте точно вашите ветувања.

26Затоа сега чујте го словото Гос­по­дово, вие, сите Јудејци, што живеете во земјата египетска: еве, Јас се заколнав во Своето велико име, вели Господ, де­ка во сета египетска земја нема повеќе да се изговара името Мое од устата на кој и да било Јудеец, за да рече: ‚жив да е Господ Бог!‘

2731,28Еве, Јас ќе бдеам над вас за казна, а не за добро, и сите Јудејци во земјата египетска ќе загинат од меч и од глад, сѐ додека не бидат наполно истребени.

2851,50; Ис 11,11; 27,13; Ез 6,8Само малкумина што ќе се избават од мечот ќе се вратат од земјата египетска во јудејската земја, а сите други Ју­дејци, што отидоа во земјата египетска, за да поживеат таму, ќе дознаат чии зборови ќе се исполнат: моите или нив­ните.

294 Цар 19,29И, еве ви знак, вели Господ, дека ќе ве посетам на тоа место, за да знаете, дека ќе се исполнат зборовите Мои за вас, за ваша казна.

3039,5; 46,26Така вели Господ: еве, Јас ќе го предадам египетскиот цар, фараонот Хофра, во рацете на непријателите не­го­ви и во рацете на оние, што ја бараат душата негова, онака како што го предадов јудејскиот цар Седекија во ра­цете на вавилонскиот цар Навухо­до­но­сор, непријателот негов, кој ја бараше душата негова.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help