Јудита 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Јудита во непријателскиот логор

1 3 Цар 8,54 Кога престана да извикува кон Израилевиот Бог и ја заврши својата молитва,

2Јудита стана на нозе и ја повика својата слугинка, влезе во собата, каде ги поминуваше саботите и празничните денови.

3Рута 3,3; Ест 2,12Таму го симна вреќиштето од себеси, ја соблече облеката на вдовиштвото, се искапи, се помаза со маст миризлива, ја исчешла својата коса и стави превез на главата своја, се облече во облеката на своите радосни денови, во кои се облекуваше додека беше жив нејзиниот маж Манасија.

41 Мојс 38,14; Ис 3,18-23На нозете свои обу сандали, си стави ѓердани, гривни, прстења, обетки и сите други накити. Се украси што можеше поубаво за да ги занесе машките очи што ќе ја погледаат.

51 Цар 25,18На слугинката ѝ даде мев со вино и врчва со масло, наполни торба со браш­но, сушено овошје и чисти лебови и си­те тие работи ги стави врз неа.

6кога дојдоа кај градската порта на Ветилуја, таму го најдоа Озија и дру­гите двајца градски старешини – Хавриј и Харми.

710,19-20Кога ја видоа Јудита така променета и украсена, многу се восхитија од нејзината убавина и рекоа:

81 Цар 1,18; 1 Лет 29,18„Бог, Бог на нашите татковци нека ти подари благодат и нека ги исполни твоите намери за радост на синовите Израилеви и за издигнување на Еру­салим.“ Јудита се поклони пред Бога,

9а ним им рече: „Заповедајте да ми ја отворат градската порта; ќе излезам за да направам она за што говоревме.“ Тие наредија да ѝ ја отворат вратата како што побара.

10Кога ѝ ја отворија вратата, таа из­лезе заедно со својата слугинка, а лу­ѓе­то од градот гледаа по неа додека се спушташе по стрмнината и потоа кога одеше по долината сѐ додека не им се скри пред очите.

11Кога одеа по долината, ги сретна асирската претстража.

12Тие ја задржаа и ја запрашаа: „Чија си? од каде доаѓаш и каде одиш?“, – Таа им одговори: „Јас сум им ќерка на Ев­реите и бегам од нив, зашто тие набргу ќе бидат предадени за да бидат по­губени.

13Суд 1,25Одам кај Олоферн, водачот на ва­шата војска за да разговарам со него искрено и да му го покажам патот, по кој треба да појде за да ги завладее сите планински предели за да не загуби ни­еден од своите луѓе, да не загине ниедна човечка душа.“

14кога тие луѓе ги слушнаа нејзините зборови и кога се загледаа во нејзиното лице, останаа восхитени од нејзината убавина, па ѝ рекоа:

15Суд 1,24; Ер 21,9; 38,2.17„Ти си ја спаси душата што побрза и што навреме дојде кај нашиот господар; оди право во шаторот, а нашите лу­ѓе ќе те придружуваат сѐ додека не те предадат во неговите раце.

16Кога ќе се најдеш пред него, немај страв во твоето срце, туку кажи му ги твоите зборови; тој ќе постапи добро со тебе.“

17Тогаш одбраа помеѓу себе стотина души и ги дадоа на неа и на слугинката за да ги придружуваат до шаторот на Олоферн.

18Во логорот сите се вознемирија, зашто веста за нејзиното доаѓање брзо се разнесе по сите шатори. Многумина дојдоа и ја заобиколија, а таа стоеше пред шаторот на Олоферн, додека да го из­вестат за неа.

19Се восхитуваа на нејзината убавина, а поради неа, и на синовите Израилеви, па си велеа еден на друг: „Кој може да го презре народот што има вакви жени! Навистина, не треба да оставиме жив ниеден човек од тој народ, зашто тие што ќе останат, ќе можат да ја надмуд­рат целата земја.“

20Стражата на Олоферн и оние што му служеа излегоа да ја воведат Јудита во шаторот.

21Олоферн почиваше на својата пос­тела, зад една завеса од пурпур, злато, смарагд и скапоцени камења.

22Кога го известија за неа, тој излезе во предниот дел од шаторот, а пред не­го носеа сребрени свеќници.

2310,7; 1 Цар 25,23; 2 Цар 14,4Кога Јудита се најде пред него и пред неговите слуги, сите се восхитија од убавината на нејзиното лице. Таа се поклони и ничкум падна пред него, но Олоферновите слуги ја подигнаа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help