Амос 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Позив за покајание

1 Мих 1,8 Чујте го ова слово, искажано со плач за вас, доме Израилев.

2Падна, нема повеќе да стане девицата израилска! Фрлена е на земјата своја, и нема кој да ја крене.

36,9Зашто вака вели Господ Бог: град, од кој излегуваат илјадници, ќе остане само со сто, а од кој излегуваат сто, ќе остане само со десет во домот Из­ра­и­лев.

4Ос 5,6; 10,12Зашто така му вели Господ на домот Израилев: побарајте Ме и ќе бидете жи­ви.

54,4; 8,14; Ос 4,15Не барајте го Ветил, не одете во Гилгал и не патувајте во Вирсавија, зашто сиот Гилгал ќе појде во ропство, а Ветил ќе се претвори во ништо.

6Побарајте Го Господа, и ќе бидете живи, за да не се нафрли Тој против до­мот Јосифов како оган, што ќе го проголта, и не ќе има кој да го гасне во Ве­тил.

76,12; Ос 10,4О, вие, што го извртувате правосудството во отров и правдата ја фрлате на земја!

8Јов 9,9; 38,31Тој ги создал Плејадите и Орион и ја претвора црната темнина во јасно утро, а денот го прави темен како ноќ, ги из­викува морските води и ги разлива по земјата, Јахве е името Негово!

9Тој испраќа пустош врз силните и врз нивните тврдини.

Изберете добро, а не зло!

10 6,12; Ис 29,21 А тие го мразат оној, кој дели правда пред портите, и се гнасат од оној, кој ја зборува вистината.

115 Мојс 28,30-33; Мих 6,15; Соф 1,13; Зах 5,3-4Па така, затоа што го измачувате сиромавиот и земате од него данок во жито, вие ќе изградите домови од дел­кан камен, но нема да живеете во нив; ќе насадите убави лозја, само вино од нив нема да пиете.

12Зашто Јас знам колку се многуброј­ни вашите престапи, и колку се тешки вашите гревови; вие сте му непријатели на праведникот, земате поткуп и ги из­вртувате делата на сиромасите во судот.

13Мих 2,3; Лк 23,9; Ефес 5,16Поради тоа разумниот човек молчи во тоа време, зашто времето е зло.

14Пс 33,13-14; 36,27Барајте добро, а не зло, за да ос­та­нете живи – и тогаш Господ Бог Саваот ќе биде со вас, како што велите вие.

15Ис 4,3; Јоил 2,14; Изреки 8,13; Рим 12,9Мразете го злото, сакајте го доброто и поставете правосудство пред портите; можеби, Господ Бог Саваот, ќе се смилува над остатокот Јосифов.

Казната доаѓа

16 5,1; Ис 15,3 Затоа вака вели Господ Бог Саваот, Седржителот: по сите ваши плоштади ќе има плач, и по сите ваши улици ќе викаат: Оф, оф! И ќе повикаат земјоде­лец да жали и искусни за жални песни, да плачат;

174,12; 2 Мојс 12,12; Мал 3,1-2и по сите лозја ќе има плач, зашто Јас ќе минам среде тебе, вели Господ.

Кога Господ суди

18 Ер 13,16; 14,19; Јоил 2,1-2; Соф 1,14-15; Јн 8,12 Тешко вам, кои го барате денот Господов! Зошто ви е тој ден Господов? Тој е темнина, а не светлина.

19Ер 48,44; Ос 13,7-8Тоа е како некој да бега од лав, па да го сретне мечка, или да дојде дома и се потпре со раката на ѕид, па да го кас­не змија.

20Денот Господов е мрак, а не светлина, тој е мрак, и во него нема виделина.

Што сака Господ?

21 4,4-5; Ос 6,6 Ги мразам и ги отфрлувам праз­ни­ците ваши и не ги помирисувам жр­тви­те ваши во времето на вашите прослави во собранијата.

223 Мојс 3,1; Ис 1,11; Ос 8,13; Мал 1,10; Пс 49,9-13; 50,18Ако ми принесете сепаленица и ле­бен принос, нема да ги примам и нема да погледнам милостиво на благодар­ствената жртва од вашите угоени телиња.

23Отстрани ја од мене бучавата на твоите песни, зашто звуците на твојата харфа нема да ги слушам.

24Правдата нека тече како вода, и справедливоста – како силен поток.

25Ис 43,23; Дела 7,42-43Зар ми принесувавте жртви и да­рови во лебови во пустината во текот на четириесетте години, доме Израилев?

26Ис 46,7Ќе ги носите Сикут, вашиот цар и Кијун, вашиот бог, ликовите што сами си ги направивте,

274,13поради што ќе ве прогонувам зад Дамаск, вели Господ, чие име е Бог Са­ваот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help