Осија 14 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Вратете се кон Господа

1 7,1; 10,14; 4 Цар 15,16; Амос 1,13 Самарија ќе страда, зашто се крена против својот Бог; од меч ќе паднат тие, нивните деца на камен ќе бидат разбивани, а бремените жени ќе бидат распарувани.

25,5; 6,1Врати се, Израиле, кај Господ твојот Бог; зашто ти пропаѓаш поради своето беззаконие.

3Пс 32,1; Евр 13,15Подгответе се молитвено, и об­ра­те­те се кон Господ и речете Му: „Прости ни ги сите беззаконија наши и прими го тоа што е добро, а ние ќе принесеме жртва од устата наша.“

Господ ветува простување

4 2,18-19; 7,11; 12,2; Ис 31,1; Пс 68,5; 146,9 Ашур повеќе нема да нѐ спасува; и нема повеќе да јаваме на коњи и на своите уметнички творби да им велиме: „О, богови наши; зашто само Ти си ми­лосрден кон сираци.“

51,6; 2,14-23; 5,13; 9,15; Ер 30,17Ќе ги излекувам од одметнувањето нивно, благонаклоно ќе ги засакам, зашто гневот Мој се одврати од нив.

6Ис 26,19; 27,6; 35,1; Ез 17,23Јас ќе бидам роса за Израил; тој ќе цвета како крин и ќе пушти корења ка­ко дрвјата на Ливан.

7Ис 27,6; Пс 51,8Ќе се рашират гранките негови, и убавината негова ќе биде како убавина на маслина, и мирисот од него како ми­рис од Ливан.

8Ќе се вратат под Мојата сенка, и ќе имаат жито во изобилие – па ќе цветаат како лоза, ќе станат славни како виното леванонско.

94,17; 2 Кор 6,16Зошто ти се идолите, Ефреме? Јас те слушам и се грижам за тебе; Јас сум како зелен кипарис: од Мене ти доаѓаат плодовите.

105 Мојс 32,4; Ер 9,11; Пс 106,43; Изреки 4,7; Проп 8,1Кој е мудар, нека го разбере ова; кој е разумен нека го познае тоа. Зашто патиштата Господови се прави, и пра­ведниците одат по нив, а беззакониците се сопнуваат од нив.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help