Второзаконие (ПЕТТА КНИГА МОЈСЕЕВА) - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

(ПЕТТА КНИГА МОЈСЕЕВА)ВоведНа крајот од книгата Броеви ни е претставено доаѓањето на израилскиот народ во ветената земја; книгата, пак, Второзаконие, која претставува нејзино продолжение во содржинска смисла, скоро целосно им е посветена на трите говора на Мојсеј упатени кон Евреите (1,1–4,43; 4,44–28,68; 28,69–30,20). Во нив Мојсеј нѐ потсетува на делата што Бог во Својата бескрајна љубов ги извршил во полза на Својот народ: Тој склучил со него сојуз, го водел четириесет години низ пустината, го штител од неговите непријатели и му ги соопштувал Своите заповеди и ветувања. Сепак не станува збор за обично повторување на законите и прераскажување на настаните опишани во претходните книги. Мојсеј тука зборува како пламенен проповедник кој ревносно ги повикува своите слушатели да си спомнат за верноста на Бога и да живеат во постојано општење со вистинскиот Бог: „Послушај, Израиле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ, сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои!“ (6,4-5, цит. во Мт 22,37).Последните четири глави од книгата содржат две поетски творби и два расказа: од една страна „Песната Мојсеева“ (32) и последниот „Мојсеев благослов“ упатен кон дванаесетте израилски колена (33), и од друга страна расказот за поставувањето на Исус Навин за наследник на Мојсеј (31) и расказот за смртта на Мојсеј (34).Во Второзаконието лежи, најверојатно, онаа „Книга на законот“, која е најдена во ерусалимскиот храм во времето на царот Јосија (4 Цар 22) и која го поттикнала овој јудејски цар да ја изврши познатата религиозна реформа. Притоа, се забележуваат одгласи од неговата порака во повеќе книги на Стариот завет (Царствата, Еремија), но и во Новозаветниот библиски текст (на пр. Мт 4,4-10; Мк 12,32).Во Второзаконие се потсетуваат читателите дека среќата кон која се стреми секој човек се наоѓа во верноста кон Бога – Спасителот и Избавителот, на секое место и во сите можни околности.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help