Еремија 22 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Господ ќе го казни царот на Јудеја

1Вака вели Господ: слези во домот на царот Јудин, и искажи го таму ова слово,

2 и не жа­лете за него; туку горко плачете за оној, што оди во ропство, зашто тој веќе нема да се врати и нема да го види својот роден крај.

11Зашто вака вели Господ за Селум, синот на јудејскиот цар Јошија, кој царуваше по татко си Јошија, и кој излезе од тоа место: тој веќе нема да се врати во него,

12Но ќе умре таму, каде што го одведоа како роб, и нема веќе да ја види оваа земја.

За царот Јоаким

13 Мих 3,10; Авак 2,12; Сир 21,8; Јк 5,4 Тешко му на оној, кој гради своја куќа со неправда, и свои соби – со беззаконие, кој го присилува ближниот свој да му работи без награда и не му дава плата,

14кој вели – ќе си направам голема ку­ќа и широки соби, и кој отвора прозорци, ги обложува со кедар и ги бојадисува со црвена боја.

15Мислиш ли дека си цар, затоа што си се оградил со кедар? Татко ти јадеше и пиеше, но вршеше суд и правда, па за­тоа му беше добро.

169,23; Ос 6,6Тој го бранеше правото на бедниот и на сиромавиот, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа дека некој Ме познава? – вели Господ.

1726,15; Пс 118,36; 4 Цар 21,16Но твоите очи и твоето срце се свр­тени само кон корист за себеси и кон пролевање невина крв, за да угнетуваш и присилуваш.

1816,6; Пс 77,64Затоа, вака вели Господ за Јоаким, синот на јудејскиот цар Јошија: нема да го оплакуваат – „О брате!“ и „О сестро!“, нема да го оплакуваат: „О господаре!“ и „О негово величие!“

1915,3; 2 Цар 17,13Како магаре тој ќе биде погребан; ќе го изнесат и ќе го фрлат далеку од ерусалимските порти.

Царот Јоаким и Ерусалим

20Качи се на Ливан и извикај, подигни го гласот свој на Башан и викни од Аварим, зашто погубени се сите твои пријатели.

21Јас ти зборував, кога ти беше добро, но ти рече: нема да послушам. Такво беше твоето поведение уште од младоста, ти не го слушаше гласот Мој.

2222,20Сите твои пастири ветар ќе ги од­вее, а пријателите твои во ропство ќе отидат и тогаш ти ќе бидеш посрамен и понижен за сите твои злодела.

2330,6; Ис 42,14Ти, кој живееше на Ливан и си свил гнездо во кедрите, колку ли ќе офкаш, кога ќе те постигнат болки, како кај по­родилка!

24Се колнам во Својот живот, вели Господ: да ми беше јудејскиот цар Ко­нија, синот на Јоаким, прстен на десната рака Моја, и оттаму ќе те откинам,

25и ќе те предадам во рацете на оние, кои ја бараат душата твоја, и во рацете на оние, од кои се плашиш, во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор и во рацете на Халдејците.

2616,13; 22,28; 4 Цар 24,15Па ќе те исфрлам тебе и твојата мајка, која те родила, во туѓа земја, каде што не сте се родиле, и таму ќе умрете.

27А во земјата, каде што душата нив­на ќе копнее да се врати, таму нема да се вратат.

2819,10; 48,38; Пс 30,12; Сир 21,14„Зар тој човек, Конија, е презрено суштество, отфрлен и несакан сад, та тој и племето негово беа фрлени во зем­ја што не ја познавале?“

29О, земјо, земјо, земјо, чуј го словото Господово!

3022,22; 36,30; 1 Лет 3,17-24Така вели Господ: запишете го овој човек како лишен од деца, како човек со злочести дни, зашто никој од племето негово веќе нема да седи на прес­то­лот Давидов и нема да владее во Јудеја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help