1 Ер 33,11; Пс 117,21 Во оној ден ќе речеш: „Ќе Те славам, Господи! Ти ми беше гневен, но го одврати гневот Свој и ме утеши.“
22 Мојс 15,2; Пс 26,1Ете, Бог е моето спасение; на Него се надевам; и не се плашам; зашто Господ е мојата сила, Господ е мојата песна; Тој ми е спасение.
355,1; Суд 5,11; Јоил 3,18; Јн 4,1.14Тогаш со радост ќе црпите вода од изворите на спасението,
4Пс 104,1; 148,13во тој ден ќе речете: „Славете Го Господа, повикувајте Го името Негово; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови; напомнувајте дека името Негово е големо;
5пејте Му на Господ, зашто Тој направил нешто големо – нека го знаат тоа по целата земја.
652,8-9; Соф 3,14; Зах 2,10; Пс 66,4Весели се и радувај се, жителко Сионова, зашто, голем е меѓу тебе Светецот на Израил.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
