3 Царства 20 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Опсадата на Самарија

1Арамејскиот цар Венадад, ја собра сета војска своја, и со него имаше триесет и двајца цареви, и коњи и коли, и отиде, па ја опседна Самарија и војуваше против неа.

2И испрати пратеници до израилскиот цар Ахав во градот,

3и му рече: „Вака вели Венадад: твоето сребро и твоето злато се мои, и твои­те жени и најдобрите твои синови се мои.“

4Израилскиот цар одговори и рече: „Нека биде според зборот твој, господаре мој, царе; јас и сѐ што е мое е твое.“

5Известувачите повторно дојдоа и рекоа: „Вака вели Венадад: испратив да ти кажат, да ми го дадеш среброто свое и златото свое, жените свои и синовите свои.

6Затоа, утре, во ова време, ќе ги ис­пратам кај тебе слугите свои да ја пребараат твојата куќа и куќите на твоите слуги, и да го земат в раце и да го изнесат сѐ што е скапо за очите твои.“

7Израилскиот цар ги повика сите ста­решини во земјата и рече: „Размислете и гледајте, па тој крои зло; кога испрати кај мене за жените и синовите мои, за среброто и златото мое, јас не му откажав.“

8И сите старешини и сиот народ му одговорија: „Не слушај и не се согласувај!“

9Потоа тој им одговори на Венада­довите известувачи: „Кажете му на мојот господар, царот: сѐ, за кое ти ис­прати првиот пат по твојот слуга, готов сум да го направам, но ова не можам да го направам.“ Тогаш пратениците си отидоа и му однесоа одговор.

10И Венадад испрати и му порача: „Нека ми испратат боговите најтешка казна и уште толку да ми додадат, ако во Самарија има доволно по еден грст прашина за сите луѓе што одат по мене.“

11Ер 9,23-24; Пс 19,7Израилскиот цар одговори и рече: „Кажете му да не се фали оној, кој се опашува како оној што се распашува.“

12Кога ги слушна тие зборови Вена­дад, кој пиеше во шаторите заедно со царевите, им рече на слугите свои: „Оп­седнувајте го градот!“ И го опседнаа градот.

Царот Ахав извојува победа

13И ете, еден пророк пристапи до израилскиот цар Ахав и рече: „Вака ве­ли Господ: го гледаш ли ова цело големо множество? Еве, денес ќе го пре­дадам во твои раце за да знаеш дека Јас сум Господ.“

14Ахав запраша: „Преку кого?“ Тој одговори: „Вака вели Господ: ‚преку слугите на градските водачи.‘“ А Ахав пак праша: „Кој ќе ја почне битката?“ Тој му одговори: „Ти.“

15Ахав ги преброи оние што служеа кај обласните началници, кои беа на број двеста триесет и двајца; по нив го преброи сиот народ, сите израилски синови, и тие беа седум илјади.

16Тие тргнаа околу пладне. Додека Венадад пиеше и се опиваше во шато­рите заедно со царевите, со триесет и двајцата цареви, кои му помагаа.

17Најнапред тргнаа обласните начал­ници. И му соопштија на Венадад дека излегле луѓе од Самарија.

18Тој рече: „Ако се излезени за мир, фатете ги живи; ако, пак, се излезени да војуваат, пак фатете ги живи!“

19Оние што служеа кај обласните на­чалници излегоа од градот, а по нив и војската.

20И секој го убиваше својот против­ник: Арамејците почнаа да бегаат, а Израилците ги гонеа. Венадад, арамеј­скиот цар, се спаси на коњ со други коњаници.

21Израилскиот цар излезе, ги заплени коњите и колите и им нанесе голем пораз на Арамејците.

22Тогаш пророкот пристапи до израилскиот цар и му рече: „Оди, пот­крепи се, па знај и гледај што ќе пра­виш, зашто по една година арамејскиот цар пак ќе излезе против тебе.“

Повторна победа на Ахав

23И му кажаа на арамејскиот цар слу­гите негови: „Нивниот Бог е Бог на го­рите, (а не Бог на долините), затоа нѐ победија; но, ако се удриме со нив во рамнина, бездруго ќе ги надвиеме.

24И така, еве што ќе направиш: от­страни ги царевите секој од местото негово и место нив постави градски водачи;

25и собери си толку војска, колку што изгина, и коњи, и коли, колку што има­ше; ќе се удриме со нив во рамнина и тогаш бездруго ќе ги надвиеме.“ Тој го послуша гласот нивни и направи така.

26По една година Венадад собра Ара­мејци и тргна кон Афек за да се удри со Израил.

27Суд 7,1-15Собрани беа и Израилевите синови и, откако си зедоа храна, тргнаа против нив. Израилевите синови се сместија пред нив како две мали стада кози, а Арамејците ја исполнија земјата.

28Тогаш Божјиот човек се приближи и му рече на израилскиот цар: „Така вели Господ: бидејќи Арамејците велат дека Господ е Бог на горите, а не Бог на долините, ќе го предадам во рацете твои целото тоа големо множество за да знаете дека Јас сум Господ.“

29И тие стоеја во логорите едни спроти други седум дена. На седмиот ден почна борбата, и Израилевите синови убија сто илјади пешаци Арамејци во еден ден.

30Другите избегаа во градот Афек; таму падна ѕидот врз другите дваесет и седум илјади луѓе.

Ахав го поштедува животот на царот на Арам Венадад, пак, влезе во градот и бега­ше од една скривница во друга.

31Тогаш неговите слуги му рекоа: „Сме слушале дека царевите од Изра­илевиот дом се милостиви цареви; дозволи ни да го препашеме со вре­ќиште крстот свој, да ставиме јажиња околу главите свои и да отидеме кај израилскиот цар; можеби тој ќе го за­пази животот твој.“

32Тие го препашаа крстот свој со вреќиште, ставија околу главите свои јажиња и дојдоа кај израилскиот цар, па рекоа: „Твојот слуга Венадад вели: ‚Поштеди го животот мој.‘“ Оној пра­ша: „Зар е тој жив? Тој ми е брат.“

33Тие луѓе го примија тоа како добар знак и брзо го зедоа зборот од устата негова и рекоа: „Венадад е твојот брат.“ А тој им рече: „Одете и доведете го.“ Тогаш Венадад излезе пред него, а тој го качи до себе во колата.

34И му рече Венадад: „Градовите што таткото мој ги презеде од твојот татко, ќе ги вратам, и ти можеш да имаш за себе пазаришта во Дамаск, како што имаше татко ми во Самарија.“ Ахав одговори: „Со тој завет ќе те пуштам.“ И, откако направи сојуз со него, го пушти.

Бог ја осудува слабоста на Ахав

35Тогаш еден од пророковите синови според словото Господово му рече на еден од своите другари: „Удри ме!“ Но тој човек не се согласи да го удри.

3613,24Тогаш му рече: „Поради тоа што не го послуша Господовиот глас, ќе те умртви лав, кога ќе си отидеш од мене.“ Тој си отиде од него, и лав го сретна и го умртви.

37Тој најде друг човек и рече: „Удри ме!“ Човекот го удираше толку силно што му направи рани од ударите.

382 Цар 12,1-12; 14,1-20Тогаш пророкот тргна и застана пред царот на патот, а очите си ги покри со превез.

39Кога царот минуваше, тој извика кон царот и рече: „Твојот слуга одеше во борба, и ете, еден човек, се тргна настрана и ми доведе еден маж и рече: ‚Варди го овој човек; ако не го зачуваш, душата твоја ќе оди место неговата душа, или ќе треба да платиш кикар сребро.‘

40Кога слугата твој се зафати со ова и она, тој се изгуби.“ А израилскиот цар му рече: „Таква ти е пресудата; ти сам си ја решил.“

41Тој тогаш го симна превезот од очите свои, и царот го позна дека е од пророците.

42И му рече: „Вака вели Господ: за­тоа што го пушти од рацете свои човекот што го бев предал на проклетство, твојата душа ќе оди место неговата душа, и твојот народ – место неговиот народ.“

43Израилскиот цар си замина во домот свој возбуден и огорчен и стигна во Самарија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help