Псалми 78 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 78Плач по разорениот Ерусалим

1 4 Цар 25,9-10; Плач 1,10 Ис 17,1; 24,2; Ер 26,18; Мих 1,6; 3,11 Боже, незнабошците дојдоа во Тво­е­то наследство, го осквернија светиот Твој храм, Ерусалим го претворија во урнатини.

279,12-13; Ер 7,33; 18,6Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небески, а телата на Твоите светии – на земните ѕверови;

3Ер 14,16; Соф 1,17; 1 Мак 7,17ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги пог­ребе.

443,13-14; 79,6; 5 Мојс 28,37; 3 Цар 9,7; Ер 24,9; 48,26; Ез 14,8; Соф 2,8Станавме за потсмев на соседите на­ши, срам и подбив за оние што се околу нас.

543,23; 73,1; 88,46; 5 Мојс 4,24До кога, Господи, ќе се разгневуваш постојано, до кога ќе гори љубомората Твоја како оган?

613,4; Ер 10,25; Сир 36,1-5; 1 Сол 4,5Излеј го гневот Свој врз народите што не Те познаваат, и врз царствата, кои не го призиваат името Твое,

7Ер 50,7зашто тие го испојадоа Јакова и мес­тото негово го опустошија.

8141,6Не спомнувај ги нашите поранешни беззаконија, туку побрзај да нѐ пресрет­неш со Својата милосрдност, зашто многу сме понижени.

92 Мојс 32,12; Ез 20,44; 36,21Помогни ни, Боже, Спасителе наш, поради славата на името Твое, избави нѐ и очисти нѐ од гревовите наши заради името Твое!

1041,3; 101,20; 114,2; 125,2; 5 Мојс 32,43; Јоил 2,17; 3,20; Јов 16,18Зошто незнабошците да велат: „Каде е нивниот Бог?“ Барем пред очи­те наши да ја видиме одмаздата над нез­на­бошците за пролеаната крв на Твоите слуги.

11Да дојде пред Тебе офкањето на окованите; со силата на Твојата мишка зачувај ги синовите осудени на смрт.

1288,50Седумкратно врати ги во пазувите на нашите соседи хулењата, со кои Те хулеа Тебе, Господи.

1373,1; 79,1; 94,7; 99,3; Ер 23,1; Ез 34,31А ние, пак, народот Твој и овци од Твоето пасиште, вечно ќе Те славиме и од род во род ќе разгласуваме за Тебе похвала.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help