1Пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
21 Мојс 31,7; 2 Мојс 22,7-15; 4 Мојс 5,6; Ер 9,3-4; Пс 72,27; Дела 5,4; Кол 3,9„Ако некој згреши и направи престап против заповедите на Господ и го откаже на ближниот свој она, што му го дал на чување, или од него украдено, или пак, го измами својот близок,
32 Мојс 22,12; 23,4или нашол нешто загубено и тоа го одрече, или лажно се заколне за која и да било работа, како што луѓето обично прават и со тоа грешат,
4Ез 33,15; Пс 68,4; Лк 19,8па кога така згреши и направи престап, тој треба да го врати она што го украл, или сосила го присвоил, или повереното што му било дадено на чување, или што го нашол како загубено.
55,16; 4 Мојс 5,7За секоја работа, за која се заколнал криво, нека го врати она истото, и на тоа нека му додаде уште една петина на оној чие е; тоа да му го даде во оној ден кога ќе ја принесува жртвата за вина.
64 Мојс 5,8; 4 Цар 12,16А за својата вина нека Му принесе на Господ кај свештеникот овен од стадото свое, здрав, според твоја проценка;
72 Мојс 32,30и свештеникот ќе го направи чист пред Господ, и ќе му се прости секоја работа, со која згрешил или направил престап.“
Прописи за свештеницитеЖртва сепаленица8И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
9„Заповедај му на Арон и на синовите негови, и кажи им: ова е законот за жртви сепаленици – жртвата сепаленица нека гори врз жртвеникот цела ноќ до изутрина; и огнот нека гори на жртвеникот (и да не се гасне).
102 Мојс 28,39-43; 39,27Свештеникот нека ја облече ленената одежда, а и ленената долна облека нека ја облече на телото свое, па потоа нека ја собере пепелта од жртвата што огнот ја изгорел и нека ја стави покрај жртвеникот.
114,12А откако ќе ги соблече одеждите свои и облече други, нека ја изнесе пепелта надвор од логорот на чисто место.
122 Мојс 29,13; 2 Мак 1,18-36А огнот што е на жртвеникот, нека гори на него, да не се гасне. Свештеникот нека потпалува врз него дрва секое утро, и нека ја поставува на него жртвата сепаленица, нека го гори на него лојот од жртвата за мир.
13Огнот да гори постојано на жртвеникот, нека не се гасне.
Лебен принос14 2,1-16; 4 Мојс 6,15; 15,4; 28,13 Ова е законот за лебниот принос, што ќе го принесуваат синовите Аронови пред Господ при жртвеникот.
15Свештеникот нека земе грст од лебниот принос и од пченичното брашно и од маслото и сиот темјан, што е врз жртвата, и нека го изгори тоа на жртвеникот како спомен за благопријатен мирис пред Господ.
162 Мојс 27,9; 4 Мојс 18,10; Ез 44,29А она што ќе преостане од неа, му припаѓа за јадење на Арон и на синовите негови; нека го јадат пресно, на свето место; во дворот од скинијата на собранието нека го јадат.
172 Мојс 29,28; 40,10; 4 Мојс 5,9Да не се пече со квас: тоа е дел што им го давам како дар од приносите Господови; тоа е најголема светиња како жртвата за грев и жртвата за вина.
181 Мојс 9,12; 2 Мојс 30,29; 4 Мојс 18,9-10Секое машко меѓу синовите Аронови нека јаде од неа. Тоа е вечен дел за потомството нивно од приносите на Господ; секој, што ќе се допре до него, ќе биде осветен.“
19И уште му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
208,1-36; 2 Мојс 28,41; 30,10„Тоа е дарот од Арон и синовите негови што ќе Му го принесуваат на Господ во оној ден кога ќе биде помазан: една десетина од ефа пченично брашно како постојана жртва, половина за наутро, а другата половина за навечер.
21Жртвата треба да се приготвува во тава, со масло; натопена во масло и на парчиња принесувај ја, онака како што се дели на парчиња лебниот принос; принесувај ја како благопријатен мирис пред Господ.
22И свештеникот меѓу синовите негови, што ќе биде помазан по него, нека го прави тоа; тоа е вечен закон на Господ. Сета жртва треба да се изгори.
23И секој свештенички лебен принос треба целиот да се гори, и да не се јаде.“
Жртва поради грев24И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
25„Кажи му на Арон и на синовите негови, и речи им: ова е закон за жртвата поради грев – на местото каде што се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и жртвата за грев пред Господ, бидејќи тоа е најголема светиња.
262 Мојс 27,9 Свештеникот што ќе ја принесува, нека јаде; на свето место нека ја јаде, во дворот од скинијата на собранието.
27Агеј 2,11-12Сѐ што ќе се допре до месото нејзино ќе се освети; а ако некој ја испрска облеката своја со крвта нејзина, оној дел што ќе биде испрскан нека го испере на свето место.
28И садот земјен, во кој се варела, нека се скрши; ако е, пак, готвена во бакарен сад, нека се истрие и со вода нека се измие.
29Секое машко од свештенички род нека го јаде тоа; тоа е најголема светиња (Господова).
304,5.16А секоја жртва за грев, од која се внесува крв во скинијата на собранието, за да се изврши очистување во светилиштето, да не се јаде; таа треба да се изгори.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.