1Гревот му зборува на грешникот; длабоко во неговото срце, нема страв Божји пред очите негови,
2Рим 3,18зашто тој самиот на себеси си ласка, место да го увиди своето беззаконие и да го намрази;
39,35; 16,3; 1 Мојс 44,16; 1 Цар 29,3.6; Ос 12,9зборовите на устата негова се неправда и измама; тој не сака да се вразуми, и да врши добро;
4на леглото свое смислува беззаконие, останува на лош пат, од зло не се гнаси.
5Господи, Твојата милост е до небесата, Твојата вистина – до облаците!
656,10; Ефес 3,18-19Твојата праведност е како моќните гори, а судовите Твои како голема бездна! И луѓе и добиток спасуваш Ти, Господи!
7О колку е скапоцена Твојата милост, Боже! Синовите човечки се засолнуваат под Твојата закрила;
816,8; 90,4тие се ситат од изобилието на Твојот дом, и од потокот на Твојата красота ги напојуваш;
922,5; 62,5зашто во Тебе е изворот на животот: во Твојата светлина ние гледаме светлина.
1055,13; 88,15Продолжи ја милоста Своја кон оние кои Те познаваат, и спасението Свое кон оние со чисто срце.
11Нека не ме гази ногата горда, и раката на грешникот да не ме гони.
12Таму паднаа оние што вршат беззаконие; соборени се и не можат веќе да станат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
