1 1,1-5 Тоа се зборовите на заветот, што Господ му заповеда на Мојсеј да го склучи со синовите на Израил во моавската земја, покрај заветот што Господ го склучи со нив на Хорев.
24,34Тогаш Мојсеј ги повика сите синови израилски и им кажа: „Вие видовте сѐ, што направи Господ пред очите ваши во египетската земја со фараонот и со сите негови слуги и со целата негова земја;
3Рим 11,8имаше искушенија големи, што ги видоа очите твои, и големи знаменија и чуда, (од силната рака и цврстата мишка Негова),
48,4но и до ден денес Господ не ви даде срце за да разберете, очи да видите и уши да чуете.
5Четириесет години ве водев по пустината, и облеката не изветве на вас, и обувките не се искинаа на нозете ваши;
62,24–3,7леб не јадевте, вино и друг алкохолен пијалак не пиевте, за да познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог.
7И кога дојдовте до ова место, излезе во борба против вас хешбонскиот цар Сион и башанскиот цар Ог, но ние ги поразивме
8Ис.Н. 1,7и им ја зедовме земјата нивна и им ја дадовме во дел на Рувимовото и Гадовото колено, и на половината од Манасиевото племе.
9Пазете ги сите зборови на овој завет и исполнувајте ги, за да имате успех во сѐ, што правите.
Значењето на заветот со Господ10Сите вие стоите денес пред Господ, вашиот Бог: началниците на племињата ваши, старешините ваши, (судиите ваши), надзорниците ваши, сите Израилци,
11децата ваши, жените ваши и дојденците, кои се во вашата населба, од дрварот ваш до водоносецот ваш,
1228,9за да влезете во завет со Господ, вашиот Бог, и во клетвен договор со Него, каков што Господ, твојот Бог, денес склучува со тебе,
13за да те направи денес Свој народ, и да ти биде Бог, како што им се заколна на предците твои Авраам, Исак и Јаков.
14Не само со вас единствено го заветувам овој завет и овој клетвен договор,
15туку, како со оние што денес се со нас, така и со оние што денес не стојат овде со нас пред Господ, нашиот Бог.
164,28Зашто вие знаете, како живеевме во египетската земја и како одевме сред народите, низ кои минавте,
17Дела 8,23; Евр 12,15и ги видовте одвратностите нивни и идолите нивни, дрвени и камени, сребрени и златни, што се кај нив.
18Да нема меѓу вас маж или жена, род или племе, чие срце би се отстранило од Господ, вашиот Бог, та да оди да им служи на боговите на оние народи; да нема меѓу вас корен, што ќе дава пелин и отров;
199,14и ако некој, кој, откако ќе ги чуе зборовите на оваа клетва, се пофали во срцето свое и каже: ‚добро ќе ми биде, иако одам по желбите на срцето свое‘, и ако завлече со себе и други во идолопоклонство,
20на таков Господ нема да му прости, но гневот и ревноста на Господ ќе се разгорат веднаш против тој човек, а врз него ќе падне целата клетва (од овој завет), напишана во оваа книга (на Законот), и Господ ќе го избрише името негово под небото;
21и ќе го оддели Господ од сите племиња израилски за погубување, според сите клетви на заветот, напишани во оваа книга на законот.
Господ ќе ги изврши Своите закани22 1 Мојс 19,25; Ос 11,8 Тогаш подоцнежното поколение, децата ваши што ќе настанат по вас, и туѓинецот, што ќе дојде од далечна земја, откако ќе ги видат поразиите на таа земја и болестите што Господ ги испратил врз неа, ќе речат:
23сулфур, сол и пожариште е целата земја; на неа не може да се сее, ниту ќе роди, ниту ќе никне на неа некаква трева, како што стана во Содом, Гомора, Адма и Цевоим, кои Господ ги уништи во гневот Свој и јароста Своја.
24Тогаш ќе кажат сите народи: ‚Зошто Господ постапил така со таа земја? Колку е голема јароста на гневот Негов!‘
2528,64И ќе одговорат: ‚Затоа што го оставија заветот на Господ, Бог на предците свои, што го воспостави со нив, кога ги изведе од египетската земја,
26и отидоа да им служат на други богови и да им се поклонуваат ним, кои тие не ги знаеја, и кои Тој не им ги беше определил.
27Поради тоа се разгори гневот на Господ врз таа земја, и Тој ги испрати врз неа сите клетви (на заветот), напишани во оваа книга (на законот);
28и ги сотре Господ од земјата нивна во гнев, јарост и голема лутина, и ги исфрли на друга земја, како што денес гледаме.‘
29Она што е тајно, Му припаѓа на Господ, нашиот Бог, а она што е јавно – нам и на синовите наши довека, за да ги извршуваме сите зборови на овој закон.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.