1 Мал 2,17; 3,13; Изреки 23,17; 23,19 Не жести се поради злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие,
289,6; 91,7; 101,4.11; 102,15; 128,6; 4 Цар 19,26; Ис 40,7; Јов 14,2; Мт 6,30; Јк 1,10-11; 1 Птр 1,24зашто тие ќе се исушат како трева, и како зелје набргу ќе свенат.
3Верувај во Господ и прави добро, за да живееш на земјата и да уживаш во спокојство.
4Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде, што ќе посака срцето твое.
5Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува;
6Ис 58,10; Мудр 5,6и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне.
761,5Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие.
8Воздржи се од лутина и остави ја јароста, не жести се – самиот да не правиш зло,
924,13зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат Земјата.
10Јов 5,3; 8,15-17; 20,7-8Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш.
11Ис 57,13; Мт 5,5А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир.
1234,16Грешникот смислува зло против праведниот и чкрта со забите против него,
132,4но Господ му се потсмева, зашто однапред гледа дека му се ближи крајот.
147,12; 10,2Грешниците ги вадат мечевите, го оптегнуваат лакот свој за да го кутнат бедниот и сиромавиот, за да ги прободат оние што се со чисто срце.
157,14-16; 9,15; 56,6; Ис 33,11; Ос 8,7; 10,13; Јов 4,8; 15,35; Изреки 1,31; 5,21; 14,32; 22,7; 26,27; Мудр 11,16; 11,22; Сир 27,25-27Но мечот нивни ќе се забие во нивното срце, и лаците нивни ќе се скршат.
16Изреки 15,16; 15,8Малото богатство кај праведниот е многу подобро отколку големото богатство на грешниците.
17Зашто мишките на грешниците ќе спласнат, а на праведниците Господ им ги поткрепува.
181,6; 30,7Господ ги знае патиштата на непорочните; и нивното наследство ќе биде вечно:
19во зло време нема да бидат посрамени и во деновите на глад ќе бидат сити;
20зашто грешниците ќе загинат, и непријателите Господови ќе ги снема како полска убавина, ќе исчезнат како дим.
21Грешникот зема на заем и не враќа, а праведниот е милостив и дава,
22Мт 25,34.41зашто оние, кои Господ Го благословуваат, ќе ја наследат земјата, а оние што тој ги проколнува, ќе бидат истребени.
23Изреки 20,24Господ ги зацврстува стапките на човекот и мили Му се неговите патишта:
243,5па и ако се сопне, нема да падне, зашто Господ го држи за рака.
25Бев млад, и остарев, но не видов оставен праведен човек ниту децата негови леб да просат;
26тој секој ден знае да се смилува и на заем да дава, и потомството негово ќе биде благословено.
2733,14Клони се од зло и прави добро, па ќе живееш вечно;
28зашто Господ ја сака правдата и не ги остава верниците Свои; нив вечно ќе ги чува. А беззакониците ќе бидат исфрлени и потомството на безбожниците ќе биде истребено.
29Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно.
30Устата на праведниот кажува мудрост, а јазикот негов изговара правда.
315 Мојс 6,3.6; Ер 31,33Законот на неговиот Бог е во срцето негово; стапките негови нема да се сопнат.
32Грешникот го демне праведниот и бара да го убие;
33но Господ нема да го предаде во негови раце и нема да го осуди, кога ќе биде суден.
34Надевај се на Господ и остани на Неговите патишта; Тој ќе те воздигне за да ја наследиш земјата; и ќе го гледаш истребувањето на грешниците.
35Ис 2,13; 13,13; Ез 31,10-12Видов страшен безбожник, кој се превознесуваше и издигаше како кедар леванонски.
36Поминав и, ете, го нема; го побарав, и не го најдов.
37Изреки 23,18; 23,14Види го непорочниот, гледај го праведниот: има напредок за мирниот;
38а безбожниците сите ќе бидат истребени, нивното наследство ќе се затре.
399,9; 26,1Спасението, пак, на праведните доаѓа од Господ и Тој е нивни заштитник во тешко време;
40им помага Господ и ги избавува; ги избавува од грешниците и ги спасува, зашто кај Него прибегнуваат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.