Песна над песните 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 3,1 Хорот: Каде отиде твојот возљубен, о, најубава меѓу жените? Каде оти­де твојот возљубен? Ние ќе го побараме со тебе.

24,12-16; 5,13Возљубената: Мојот возљубен отиде во градината своја, во ароматните цветници, за да пасе во градината и да бере кринови.

32,16Јас му припаѓам на мојот возљубен, а мојот возљубен мене; тој пасе меѓу криновите.

Ликот на љубената

4 6,10 Возљубениот: Убава си, мила моја, како Тирца, привлечна како Ерусалим, страшна како војска со знамиња.

54,9; 4,1Тргни ги очите од мене, зашто ме збунуваат. Косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од Галаад;

64,2забите ти се како стадо овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја е со по две јагниња, и јалова меѓу нив нема,

74,3твоите образи под превезот твој се како две половинки од калинка.

8Проп 2,8Има шеесет царици, осумдесет на­ложници и безброј девојки,

9Изреки 4,3но единствена е таа, гулабицата мо­ја, совршената моја; единствена е таа на мајка си, избрана кај родителката своја. Ја видоа девојките, и ја возвеличија, ја видоа цариците и наложниците, и ја пофалија.

103,6; Ис 14,12; Сир 26,16; Откр 12,1Хорот: „Која е таа, што болска ка­ко зора, убава како месечина, светла ка­ко сонце, страшна како војска со знамиња?“

117,13Слегов во ореовата градина да пог­леднам зелена долина, да видам дали се развила лозата, дали процутеле ка­лин­ките.

12Веќе не се препознавам самата се­бе­си; по тебе памет губам, јас, девојката од благороден сој.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help