Еремија 32 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Еремија купува нива

1 52,29 Слово Господово што дојде до Еремија во десеттата година на јудејскиот цар Седекија; таа година бе­ше осумнаесеттата година на Наву­хо­до­носор.

2Тогаш војската на вавилонскиот цар го опсадуваше Ерусалим, а пророкот Еремија беше затворен во стражарницата, што се наоѓаше во дворецот на јудејскиот цар.

3Јудејскиот цар Седекија го затвори таму, откако рече: „Зошто пророкуваш и велиш – така вели Господ: еве, Јас ќе го предадам овој град во рацете на ва­ви­лонскиот цар, и тој ќе го преземе;

4и Седекија, јудејскиот цар, нема да избега од рацете на Халдејците, туку бездруго ќе биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и ќе зборува со него уста во уста, и очите негови ќе ги видат неговите очи;

5и тој ќе го одведе Седекија во Ва­ви­лон, каде што и ќе остане, додека не го посетам, вели Господ. Ако се борите против Халдејците, нема да победите?“

6И рече Еремија: такво беше словото Господово до мене.

7Еве, Анамеил синот на твојот чичко Селум, доаѓа кај тебе да ти каже: купи ја нивата моја, што се наоѓа во Анатот, зашто, според родбинското право, тебе ти се паѓа да ја купиш.

8И Анамеил, синот на мојот чичко, дојде кај мене, според словото Гос­по­до­во, во стражарницата и ми рече – купи ја мојата нива во Анатот, во земјата на Венијамин, зашто правото на наслед­ство е твое и куповното право е твое: ку­пи ја. Тогаш разбрав дека тоа беше сло­во Господово.

9И ја купив од Анамеил, синот на мојот чичко, нивата во Анатот, и му ја платив цената: седум шекели и десет парчиња сребро.

10И направив договор, му удрив пе­чат, повикав потоа сведоци и среброто го измерив на вага.

1132,44Па ја зедов потврдата за купопродажба, запечатена според законот, и наредбата, и отворената копија

1251,59и му ја дадов потврдата за купување на Варух, синот на Нерија, син на Мах­сеја, пред очите на Анамеил, синот на мојот чичко, и пред очите на сведоците, кои го потпишаа тој купопродажен до­говор пред очите на сите Јудејци, што седеа во стражарницата;

13и му заповедав на Варух во нивно присуство;

14вака вели Господ Саваот, Бог Изр­а­илев – земи ја оваа книга, договоров за купопродажба, кој е запечатен и оваа отворена книга, и стави ги во глинен сад, за да останат таму долго време.

1532,43Зашто, така вели Господ Саваот, Бог Израилев: во оваа земја пак ќе се купуваат куќи, ниви и лозја.

Еремија Му се обраќа на Господ

16И откако му ја предадов на Ни­ри­е­виот син Варух купопродажната потврда, јас Му се помолив на Господ:

1732,27; Мт 19,26„О, Господи Боже, Ти го создаде не­бото и земјата со силата Твоја голема и со крената рака; за Тебе не постои ниш­то невозможно;

1820,11; 33,2; Ис 54,5Ти покажуваш милост на илјадници и за гревовите на татковците нивни им отплаќаш на децата нивни по нив: Боже Велики, Силни, на Кого името Му е Господ Саваот.

1916,17; 17,10; Јов 34,11; Изреки 5,21Голем по мудрост и силен според делата, Чии очи се отворени врз сите патишта на синовите човечки, за да от­платува секому според патиштата не­го­ви и според плодовите на делата негови,

20Дела 7,36Кој изврши чудеса и покажа знаци во земјата египетска, а извршуваш и до денес во Израил и меѓу сите луѓе, и си создаде име, како во оној ден,

21па го изведе Твојот народ Израил од земјата египетска со знаци и чудеса, со силна рака и крената десница и со го­лем страв.

22И им ја даде оваа земја, која со клетва им ја беше ветил на предците нивни дека ќе им дадеш, земја, каде што тече мед и млеко.

23Неем 9,30Тие влегоа и ја присвоија, но не го слушаа гласот Твој и не одеа по законот Твој, не вршеа што им беше заповедал Ти да прават, па поради тоа Ти го испрати врз нив сево ова зло.

24Еве, насипите дојдоа до градот, за да го преземат; и од меч, глад и помор градот ќе се предаде во рацете на Хал­дејците, кои се борат против него; сѐ што рече Ти, се исполнува, и, еве, Ти го гледаш тоа.

25Ти, Господи Боже, ми рече: купи си нива за пари и повикај сведоци, иако градот се предава во рацете на Халдеј­ците.“

Божја објава за нивата

26И дојде слово Господово до Ере­ми­ја:

274 Мојс 16,22; 1 Мојс 18,14; Зах 8,6Еве, Јас сум Господ, Бог на секое тело; има ли нешто, што не е можно за Мене?

28Затоа, вака вели Господ: еве, Јас го предавам овој град во рацете на Хал­дејците и во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор, и тој ќе го преземе,

2919,13и ќе влезат Халдејците, што го оп­садуваат овој град, ќе го запалат градот со оган и ќе го изгорат него и куќите, под чии стреи се вознесувало кадење на Ваал и се извршувал прелив на туѓи бо­гови, за да Ме разгневуваат.

30Зашто синовите Израилеви и син­о­вите Јудини уште од младоста своја само зло вршеа пред очите Мои; сино­вите Израилеви Ме разгневуваа со де­лата на рацете свои, вели Господ.

317,20; 4 Цар 17,18.23; 23,27И како само заради Мојот гнев и за­ради Мојата јарост да постоеше овој град од денот на неговото основање па сѐ до денес, за да го отфрлам од лицето Свое,

32за сето зло на синовите Израилеви и на синовите Јудини, кои, за да Ме раз­гневуваат, го правеа тие – царевите нив­ни, кнезовите нивни, свештениците нив­ни, пророците нивни, луѓето на Јуда и жителите на Ерусалим.

332,27; 5,3; 15,6Па Ми го свртеа грбот, наместо ли­цето и, кога ги учев, ги учев од рано ут­ро, но тие не сакаа да примаат поука,

3434,15; 5 Мојс 12,5.11; Варух 2,26и во домот, во кој се призива името Мое, ги поставија своите гнасни работи и го осквернија.

353 Мојс 18,21Во долината на Хиномовите синови изградија паганско светилиште на Ваал, за да ги преведуваат низ оган синовите свои и ќерките свои во чест на Молох, што не сум им заповедал, и на ум не ми идело дека тие ќе ги вршат тие гнасни работи, воведувајќи го Јуда во грев.

36Но сега, вака вели Господ, Бог Из­раилев, за овој град, за кој вие велите: „Со меч, глад и помор се предава во ра­цете на вавилонскиот цар“,

37еве, Јас ќе ги соберам од сите стра­ни, во кои бев ги расеал во гневот Свој, во јароста Своја и во големото негодување, па ќе ги вратам на ова место и ќе им дозволам да живеат безопасно.

3811,4; Ез 37,23.27Тие ќе бидат Мој народ, и Јас ќе им бидам Бог.

3924,7И ќе им дадам едно срце и еден пат, за да се плашат од Мене во текот на си­от свој живот, за нивно добро и за доб­рото на децата нивни по нив.

4029,11.32; 50,5Па ќе склучам со нив вечен завет, според кој нема да се одвратам од нив и ќе им правам добрини, и ќе вложам во срцата нивни страв од Мене, за да не се одметнуваат од Мене.

412,21; Соф 3,17И ќе се радувам за нив, правејќи им добро, и ќе ги засадам цврсто на оваа земја – од сѐ срце и од сета душа.

4231,28Зашто вака вели Господ: како што го испратив ова големо зло врз оној на­род, така ќе испратам врз нив секакво добро што го изреков за нив.

4332,15; 33,10И тие ќе купуваат ниви во оваа зем­ја, за која велат: „Тоа е пустина, без лу­ѓе, без добиток; таа е предадена во ра­це­те на Халдејците;“

4429,14; 32,10ќе купуваат ниви за пари, ќе пот­пи­шуваат купопродажни договори, ќе ги запечатуваат и ќе повикуваат сведоци – во земјата на Венијамин, во ерусалимската околина и во градовите на Јуда, во планинските градови, во градовите на полето и во јужните градови; бидејќи ќе ги вратам заробените нивни, вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help