1Ти, сине човечки, изречи пророштво против Гог и кажи – вака вели Господ Бог: „Еве, Јас сум против тебе, Гог, кнезу на Рош, Мешех и Тувал.
2Ќе те вратам и ќе те поведам, ќе те изведам од северните предели и ќе те доведам на планините израилски.
3Ќе го исфрлам лакот од твојата лева рака и ќе ти ги исфрлам стрелите од твојата десна рака.
4Ќе паднеш на израилските планини, ти и твоите полкови и народите што ќе бидат со тебе; ќе дозволам да те изедат секакви грабливи птици и ѕверови полски.
5Ќе паднеш на откриено поле, зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог.
6Откр 20,9И ќе испратам оган врз земјата Магог и врз жителите на островите, кои живеат безгрижно, па ќе познаат дека Јас сум Господ.
7Ќе го покажам Своето свето име меѓу Мојот народ Израил и нема веќе да дозволам во иднина да се сквернави името Мое свето, па ќе познаат народите дека Јас сум Господ, Светецот Израилев.
8Ете, тоа ќе дојде и ќе се збидне, вели Господ Бог, тоа е денот, за кој ви зборував.
9Пс 45,9Тогаш жителите на градовите израилски ќе излезат, ќе запалат оган и ќе го изгорат оружјето, штитовите и заштитниците, лаковите и стрелите, боздоганите и копјата: седум години ќе ги горат.
10И нема да носат дрва од полето, ниту пак ќе сечат од горите, туку ќе го горат само оружјето; ќе ги ограбат своите грабители и ќе ги оберат своите обирачи, вели Господ Бог.
Крајот на Гог11Во тој ден ќе му дадам на Гог место за гробница кај Израил во долината на патниците, источно од морето, и таа таму ќе ги задржува патниците: таму ќе го погребуваат Гог и сета негова војска, а ќе ја наречат Долината на Гоговиот народ.
12Домот Израилев ќе ги погребува седум месеци, за да ја очисти земјата.
13И сиот народ од земјата ќе ги погребува, и за нив тој ден ќе биде знаменит, во кој Себе ќе се прославам, вели Господ Бог.
14И ќе определат луѓе, кои постојано ќе го обиколуваат пределот и со помош на патниците да се погребуваат другите по лицето земјино, – за да ја очистат; по седум месеци тие ќе почнат да бараат.
15И кога некој од оние, што ќе минуваат по земјата, ќе види човечка коска, ќе стави до неа знак, додека погребувачите не ја закопаат во Долината на Гоговиот народ.
16Таму ќе има и град по име Хамона. Така ќе го очистат тие пределот.“
17Откр 19,17-18А ти, пак, сине човечки, – така вели Господ – кажи им на сите видови птици и на сите ѕверови полски: соберете се и дојдете, побрзајте од сите краишта кон Мојава жртва, што Јас ќе ја заколам за вас, кон големата жртва на планините израилски, и ќе јадете месо и ќе пиете крв;
18месо од силни мажи ќе јадете и ќе пиете крв од кнезови земни, од овни, од јагниња, од козли и од телиња – сите тие се згоени во Башан,
19ќе јадете мрснотија до наситување и ќе пиете крв до опивање од Мојата жртва, што Јас ќе ја заколам за вас.
20И на Мојата трпеза ќе се наситите на коњи и коњаници, на мажи силни, на секаков вид воени лица, вели Господ Бог.
Обнова на Израил21Ќе ја покажам славата Своја меѓу народите и сите народи ќе го видат Мојот суд, што Јас ќе го извршам, и Мојата рака, што Јас ќе ја кренам врз нив.
22И ќе разбере домот Израилев дека Јас сум Господ Бог нивни од денес и натаму.
23Ќе познаат народите дека домот Израилев беше преселен поради својата неправда; зашто тие постапија неверно пред Мене, Јас го сокрив од нив лицето Мое и ги предадов во рацете на непријателите нивни, и тие сите паднаа од меч.
24Поради нечистотиите нивни и поради гревовите нивни Јас го направив тоа со нив и го сокрив од нив лицето Мое.
25Затоа вака вели Господ Бог: сега ќе ги вратам плениците на Јаков, ќе се смилувам над сиот дом Израилев и ќе бидам љубоморен на Моето свето име.
26Па ќе го почувствуваат тие своето бесчестие и сите свои беззаконија што ги вршеа пред Мене, кога ќе живеат во земјата своја во мир, ќе заживеат спокојно, и нема никој да ги заплашува,
27кога ќе ги вратам откај народите и ги соберам од земјите на нивните непријатели и ја покажам во нив светоста Моја пред очите на многу народи.
28И ќе познаат дека Јас сум нивниот Господ Бог, Кој откако ги растурив меѓу народите, одново ќе ги соберам во нивната земја и нема да оставам таму ниту еден од нив.
29И веќе нема да го сокривам лицето Свое од нив, затоа што ќе излеам Јас од Мојот дух на домот Израилев, вели Господ Бог.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.