Исаија 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Исаија му дава надеж на царот Ахаз

1 1,1-9; 4 Цар 16,5-9; 2 Лет 28,5-15 Во дните на Ахаз – синот на Јотам, син Озиев, цар јудејски, – Рецин, ца­рот арамејски, и Факиј, синот Ремалиев, цар израилски, отидоа против Еруса­лим да го завладеат, но не можеа да го преземат.

2Тогаш му беше соопштено на домот Давидов и речено: „Арамејци се сместија во земјата Ефремова. И му затрепери срцето на Ахаз и срцето на народот не­гов, како што од ветар се нишаат дрвјата.“

336,2; 4 Цар 18,17; 20,20И му рече Господ на Исаија: „Изле­зи ти и син ти Шеар-Јашув да го прече­каш Ахаз на крајот од горното езеро по патот кај нивата на валавичарот,

48,12; 30,15; Амос 4,11; Зах 3,2и кажи му: Охрабри се и биди споко­ен; не плаши се, и да не се плаши срцето твое пред двата краја на тие гламји што чадат, од пламениот гнев на Рецин, на Арамејците и на синот Ремалиев.

5Арам, Ефрем и синот Ремалиев кројат против тебе зло, велејќи:

6‚да одиме против Јудеја и да ја ис­плашиме, да ја завладееме и да го пос­тавиме за цар Тавеловиот син.‘

78,10; Ер 44,28; Пс 32,10; 17,3Но Господ Бог вели вака: Тоа нема да стане и нема да се изврши,

8зашто главата на Арам е Дамаск, а главата на Дамаск – Рецин; по шеесет и пет години Ефрем ќе престане да биде народ;

928,16; 30,15; 2 Лет 20,20глава на Ефрем е Самарија, а глава на Самарија – синот Ремалиев. Ако не верувате, нема да се одржите.“

Пророштво за Емануил

10И продолжи Господ да му говори на Ахаз и му рече:

11Суд 6,36-40; Пс 138,8; Мт 16,1-4„Барај за себе знак од Господ, твојот Бог: барај или во длабочините или во височините.“

125 Мојс 6,16; Пс 77,18Но Ахаз рече: „Нема да барам и нема да Го искушувам Господа.“

13Мих 6,3Тогаш Исаија рече: „Слушајте, пак, доме Давидов! Зар ви е малку тоа што им дотежнувате на луѓето, па сакате да Му дотежнувате и на мојот Бог?“

149,5; 38,7; 1 Мојс 16,11; Суд 13,3; Мих 5,2; Мт 1,23; Лк 1,31Затоа Самиот Господ ќе ви даде до­каз: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Емануил.

157,22Тој ќе се храни со млеко и мед, до­дека да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто.

1623,1-17; 5 Мојс 1,39; 3 Цар 3,9Зашто, пред детето да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто, оваа земја, од која ти се плашиш, ќе биде оставена од двајцата цареви.

178,7-8; 4 Цар 15,29Но Господ ќе испрати врз тебе и врз народот твој и врз домот на татко ти, такви денови, какви што не доаѓале, откако Ефрем се оддели од Јуда – ќе го испрати асирскиот цар.

Закана со инвазија

18 5,26; 5 Мојс 1,44 И ете, во тој ден Господ ќе им даде знак на мувите, што се кај устието на египетската река, и на пчелите, што се во асирската земја, –

192,19и ќе долетаат и ќе заседнат сите тие по запустените долини и по камените пештери и по сите трништа и по сите дрвја.

203,24; Ез 5,1Во тој ден Господ ќе ги избричи со брич, земен од оваа страна на реката – преку асирскиот цар, главата и влакната на нозете, ќе ја симне дури и брадата.

2111,6И во тој ден, кој храни крава и две овци,

224,3поради изобилството на млеко, што тие ќе го дадат, ќе јаде масло; со масло и мед ќе се хранат сите, кои останале во таа земја.

235,6.10; Песна 8,11Во тој ден на секое место, каде што растеле илјада лози за илјада сребреници, ќе има глог и трниште.

2432,13-14Таму ќе се оди со лакови и стрели, бидејќи целата земја ќе е во глогови и трњаци.

255,5.17; 27,10; Соф 2,6-7И на ниедна од горите, што биле расчистувани со мотика, нема да одиш, поради страв од глог и од трње; таму ќе истеруваат говеда и ситен добиток ќе гази.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help