Мудрост Соломонова Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведКнигата Мудрост Соломонова се појавила, најверојатно, во александриската еврејска заедница, триесеттина години пр. Христос. Писателот се служи со доста добар литературен грчки јазик, но во стилот на „мудросните списи“, какви што се еврејските Изреки Соломонови, Јов, Проповедникот и некои псалми. Тој ги познава добро старозаветните библиски книги Битие, Исход, Книгата на пророкот Исаија, Соломоновите изреки, како и класичната грчка литература, Хомер, Платон. Тој бара начини да сведочи за својата еверејска вера со изразните средства на грчката мисла. На тој начин им се обраќа на своите браќа по вера, кои веќе не го знаат еврејскиот јазик, како и на грчките читатели, стремејќи се да ги увери во високата вредност на израилското духовно наследство.Првиот дел од книгата (1–5) претставува споредбено размислување во врска со судбината на верните и безбожните. Тука наоѓаме и еден забележителен опис (2,10-20) во врска со прогонувањето на „праведниот.“Во вториот дел (6,1–9,12), пак, се пофалува мудроста. Таа им е неопходна на сите, а особено на оние што ја имаат одговорноста да управуваат со народите. Текстот поместен во овој дел на книгата се претставува како дело на Соломон, најмногу поради еврејската традиција која ни го претставува овој јудејски цар како превосходен мудрец (сп. 3 Цар 4,4-15; 5,8-13).Битие, а особено од книгата Исход, а се прави осврт и врз проблемот на идолопоклонството, чие разгледување е инспирирано од текстови, како Ис 44; Пс 115; 135.