Броеви 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Коли наменети за скинијата

1 2 Мојс 40,17-33 Во оној ден кога Мојсеј ја изгради скинијата и ја помаза, кога ја освети неа и сите нејзини делови, и жртвени­кот и сите негови прибори, и ги помаза и ги освети, –

21,4-15тогаш дојдоа кај него (дванаесетте) началници израилски, глави на домо­вите нивни, старешини на племињата кои раководеа со пребројувањето,

31 Цар 6,7-14; 1 Лет 13,7и донесоа принос свој пред Господ – шест покриени коли и дванаесет воло­ви, по една кола од двајца началници и по еден вол од секого, и го донесоа тоа пред скинијата.

4И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

5„Земи го тоа од нив; тоа ќе послужи за извршување на службите во скинијата на собранието; и дај им го тоа на ле­ви­тите, секому според службата негова!“

6И ги зеде Мојсеј колите и воловите и им ги предаде на левитите:

73,18-20; 4,24-33две коли и четири вола им даде на Гирсоновите синови, според службата нивна;

8и четири коли и осум волови им даде на Мерариевите синови, според служ­бата нивна, под надзор на Итамар, си­нот на свештеникот Арон;

94,2-15а на Каатовите синови не им даде, зашто нивната работа беше да го носат светилиштето: на рамо треба да го но­сат.

Приноси за осветување на скинијата

10 Ез 43,18-26 И донесоа началниците жртви за осветување на жртвеникот во оној ден кога го помазаа, и ги принесоа начал­ниците даровите свои пред жртвеникот.

11Па му рече Господ на Мојсеј: „На ден по еден началник да донесува свој принос за осветување на жртвеникот.“

122,3Во првиот ден го донесе својот дар Наасон, Аминадавовиот син, од племето на Јуда;

132 Мојс 30,13; 3 Мојс 2,1дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша, тешка седумдесет шекели, според свештениот шекел, обе­те полни со пченично брашно, смешано со масло за лебен принос;

14една златна кадилница, тешка десет шекели, полна со темјан;

152 Мојс 24,5; 29,3; 3 Мојс 1,3еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица;

16еден козел од козите – жртва за грев;

173 Мојс 3,1и за жртва за мир, два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дар од Наасон, Амина­давовиот син.

182,5Во вториот ден дар свој донесе Натанаил, Цуаровиот син, началник (на племето) Исахарово;

19тој донесе свој принос: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша тешка – седумдесет шекели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло за лебен принос;

20една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

21еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

22еден козел како жртва за грев,

23и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дарот од Натанаил, Цуаро­виот син.

242,7Во третиот ден началникот на потомците Завулонови Елијав, Хелоно­виот син;

25дарот му беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, ед­на сребрена чаша – седумдесет шекели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло за лебен принос;

26една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

27еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

28еден козел – жртва за грев,

29и за жртва за мир два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дар од Елијав, Хелоно­виот син.

302,10Во четвртиот ден началникот на Ру­вимовите потомци Елицур, Шедеуро­виот син;

31дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно измешано со масло за лебен принос;

32една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

33еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

34еден козел – жртва за грев,

35и жртва за мир два вола, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елицур, Шедеуровиот син.

362,12Во петтиот ден началникот на Симеоновите потомци Шелумиел, Цу­ришадаевиот син;

37приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, обете полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

38една златна кадилница – десет шекели, полна со темјан,

39еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

40еден козел – жртва за грев,

41и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Шелумиел, Цуришадаевиот син.

422,14Во шестиот ден началникот на Гадовите потомци Елијасаф, Деуелови­от син;

43приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

44една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

45еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

46еден козел – жртва за грев,

47и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елијасаф, Деуеловиот син.

482,18Во седмиот ден началникот на Ефремовите потомци Елишама, Амиу­довиот син;

49приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

50една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

51еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

52еден козел – жртва за грев,

53и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елишама, Амиудовиот син.

542,20Во осмиот ден началникот на Мана­сиевите потомци Гамалиил, Педацуро­виот син;

55приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

56една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

57еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

58еден козел – жртва за грев,

59и жртва за мир, два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Гамалиил, Педацуровиот син.

602,22Во деветтиот ден началникот на Венијаминовите потомци Авидан, Гидо­ниевиот син;

61приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, ед­на сребрена чаша – седумдесет шекели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно измешано со масло како лебен принос;

62една златна кадилница – десет шекели, полна со темјан,

63еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

64еден козел – жртва за грев,

65и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дар од Авидан, Гидониевиот син.

662,25Во десеттиот ден началникот на Дановите потомци Ахиезер, Амишадаевиот син;

67приносот негов беше една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

68една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

69еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

70еден козел – жртва за грев,

71и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот на Ахиезер, Амишадаевиот син.

722,27Во единаесеттиот ден началникот на Асировите потомци Пагиил, Ох­рановиот син;

73приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, ед­на сребрена чаша – седумдесет шекели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

74една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

75еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

76еден козел – жртва за грев,

77и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Пагиил, Охрановиот син.

782,29Во дванаесеттиот ден началникот на Нефталимовите синови Ахира, Енановиот син;

79приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

80една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

81еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

82еден козел – жртва за грев,

83и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Ахира, Енановиот син.

84Тоа беа даровите од началниците Израилеви при осветувањето на жртве­никот во денот на помазувањето негово: дванаесет сребрени чинии, дванаесет сребрени чаши, дванаесет златни кадилници.

85Во секоја чинија имаше по сто и триесет шекели сребро и во секоја чаша по седумдесет; и така сето сребро во тие садови беше – две илјади и четиристотини шекели, според свештениот шекел;

86а дванаесетте златни кадилници полни со темјан, секоја имаше по десет шекели, според свештениот шекел: злато во кадилниците сѐ на сѐ – сто и дваесет шекели.

87За сепаленици имаше вкупно: дванаесет јунци од крупниот добиток, дванаесет овни, дванаесет едногодишни машки јагниња, и со нив лебен принос, како и жртвите за грев – дванаесет козли;

88а за жртви за мир имаше сѐ на сѐ: дваесет и четири вола крупен добиток, шеесет овни, шеесет козли, шеесет ед­ногодишни машки јагниња (без недос­таток). Тоа беа даровите при осветувањето на жртвеникот откако беше помазан.

892 Мојс 16,34; 29,42; 33,9-11; 40,2; Пс 98,1Кога Мојсеј влегуваше во скинијата на собранието да зборува со Господ, слушаше глас, кој му говореше од поклопецот, што е над ковчегот на заветот меѓу двата херувима; и му говореше.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help