Мудрост Соломонова 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Должност на секој цар е да копнее по мудрост

1 Пс 2,10; Сир 33,19 Затоа, слушајте, цареви, и разбе­рете, поучете се, судии, од краиштата на земјата.

2Внимавајте вие што владеете со множествата и кои се фалите со број­носта на вашите народи!

35 Мојс 2,21.37; 1 Лет 29,12; Јн 19,11; Рим 13,1Господ е Оној, Кој ви ја подари власта, а силата е од Севишниот; Тој ги проучува вашите дела и ги проверува вашите намери.

4Иако бевте служители на Неговото царство, не судевте право, не го др­жев­те законот и не постапувавте според Божјите заповеди.

5Наскоро Тој ќе ве накаже страшно, зашто строг е судот над управниците;

6зашто малиот заслужува милост, а силните ќе бидат строго измачувани.

7Јов 31,15; 34,17-19; Изреки 22,2; Сир 35,12Господ е над сите и од никого нема да се уплаши; Тој не се плаши од никаква величина; Тој создал и мало и големо, за сите подеднакво промислува.

8Управниците ги очекува строга ис­трага.

9И така, цареви, моите зборови се упатени кон вас, за да се научите на мудрост и да не грешите.

10Зашто оние кои со светост го чуваат светото, и самите ќе се осветат, а кои се поучени во тоа – ќе најдат оп­равдание.

11Затоа копнејте по моите зборови, засакајте ги и поучете се од нив.

Мудроста му е достапна на човекот

12 Изреки 8,1-36 1,2; Сир 6,27; Мт 7,7-11; Јн 14,21 Мудроста е блескава и не потемнува – лесно ја гледаат оние што ја сакаат, ја наоѓаат – оние што ја бараат;

13таа ги испреварува оние што ја ба­раат; прва им се покажува.

14Сир 4,12; 6,36; 39,5; Изреки 1,21; 8,3Кој ја бара од рано утро, нема да се измачува, зашто ќе ја најде како седи пред неговата врата.

15Бидејќи и самата помисла за неа – совршенство е за разумот, а кој бдее за­ради неа, брзо од грижи ќе се ослободи;

16Ис 65,1-2; Изреки 1,20-21; 8,2-3; Сир 15,2; 1 Јн 4,10таа самата оди наоколу и ги бара достојните за неа; доброволно им се ја­вува на нивните патишта, со нив се среќава при секоја мисла.

17Изреки 4,7Нејзиниот почеток е – твојата нај­ис­крена желба да учиш,

18а копнежот за учење – љубов е спрема неа; а да ја љубиш значи да ги сакаш нејзините закони, а да ги пазиш нејзините закони тоа е залог за твојата бес­мр­тност,

19а бесмртноста доближува до Бога;

20затоа копнежот кон мудроста из­диг­нува до царство.

21Затоа ако вие, владетели, им се ра­дувате на престолите и скиптрите, то­гаш почитувајте ја мудроста, за да царувате довека.

Најава за опис на мудроста

22А што е мудроста и како настанала, ќе ви кажам; нема од вас да ги сокријам тајните,

23ќе ги проучувам од самото раѓање;

24Изреки 29,4; Сир 10,1-3ќе ти го откријам нејзиното позна­ва­ње, не ќе одземам од нејзината вистина;

25и нема да појдам заедно со оној што копнее од завист, таквиот нема ништо заедничко со мудроста.

26Многуте мудреци се спасение за светот, а разумен цар – благосостојба е за народот.

27Затоа, поучувајте се од моите збо­рови и ќе ви биде од полза.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help