1 Коринтјаните 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Поздрав и благодарност

1 Рим 1,1; 2 Кор 1,1 Павле, по Божја волја повикан апостол на Исус Христос и братот Состен –

26,11; Пс 98,6; Дела 2,21; 9,14.21; 22,16; Рим 1,7; 10,12-13до црквата Божја во Коринт, до осветените во Христос Исус, повикани светии, заедно со сите оние кои на секое место го повикуваат името на нашиот Господ Исус Христос, нивни и наш.

3Да имате благодат и мир од Бога, на­шиот Отец, и Господ Исус Христос!

4Секогаш Му благодарам на мојот Бог за вас поради Божјата благодат што ви е вам дадена во Исус Христос,

5Рим 15,14; 2 Кор 8,7преку Кого станавте богати во сѐ, во секое слово и во секое знаење.

6Зашто се утврди во вас Христовото сведоштво,

712,4; Лк 17,30; Фил 3,20; 2 Сол 1,7; 1 Птр 1,7.13така што не сте лишени од ниеден дар вие, што го очекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос.

8Фил 1,6.10Тој ќе ве утврди и до самиот крај за да бидете беспрекорни во денот на на­шиот Господ Исус Христос.

910,13.16; Рим 8,17; 2 Кор 1,18; 1 Сол 5,24; 2 Сол 3,3; Евр 10,23; 1 Јн 1,3Верен е Бог, Кој ве повика во заедништво со Неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ.

Поделби во Црквата

10 Рим 12,16; 15,5; 2 Кор 13,11; Фил 2,2; 4,2 Браќа, ве молам во името на на­ши­от Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раз­до­ри, туку да бидете совршено со­еди­не­ти во еден ум и во исто мислење.

11Зашто од домашните на Хлој чув за вас, браќа мои, дека меѓу вас имало кав­ги.

122 Кор 10,7Сакам да ви кажам дека секој од вас вели: „Јас сум Павлов“, „А јас сум Апо­ло­сов“, „Јас сум на Кифа“, „Јас, пак, Христов.“

13Па зар Христос е разделен? Зарем Павле беше распнат за вас? Или пак во името Павлово бевте крстени?

14Му благодарам на Бога што од вас никого не сум крстил, освен Крисп и Гај,

15та никој да не може да рече дека ве крстив во мое име.

16Навистина, го крстив уште и Сте­фаниновиот дом. Инаку не знам дали сум крстил и некој друг.

172,1Зашто Христос не ме прати да крш­тевам, туку да го проповедам Еван­ге­ли­ето, и тоа не со премудри зборови, за да не изгуби од силата крстот Христов.

Исус Христос, моќ и мудрост во Бога

18 Рим 1,16-17; 2 Кор 2,15; 4,3 Зашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.

19Ис 29,14Зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе ја отфрлам разумноста на разумните.“

203,19; Ис 19,11-12; 44,25; Јов 12,17Каде е мудрецот? Каде е книж­ни­кот? Каде е препирачот од овој век? Не ја претвори ли Бог мудроста на овој свет во лудост?

21Зашто светот при мудроста Божја не Го позна Бога со мудрост; Бог благоволи со безумието на проповедта да ги спаси оние што веруваат.

22Мт 12,38; 16,1; Јн 2,18.23; 4,48; 6,30; Дела 17,18Зашто Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост,

232,14; Гал 5,11ние, пак, Го проповедаме Христос распнатиот, Кој е за Јудејците соблазна, а за незнабошците безумие;

24Авак 3,18; Јов 12,13; Кол 2,3за повиканите, пак, како Јудејци, така и Елини, Христос Божја сила и Божја мудрост.

25Зашто Божјото безумие е помудро од луѓето, и Божјата слабост е посилна од луѓето.

26Мт 5,3; 11,25; Лк 14,21; Јк 2,5Гледате, браќа, какви сте вие, по­ви­каните: не мнозина сте мудри по тело, не мнозина силни, не мнозина благородни;

27но Бог го избра она што е безумно за овој свет за да ги посрами мудрите; Бог го избра она што е слабо во светот за да ги посрами силните;

28Бог ги избра и неугледните и пре­з­рените на овој свет, и оние што не зна­чат ништо, за да ги уништи оние што значат нешто,

29Рим 3,27та никој да не се пофали пред Бога.

30Рим 10,4; Кол 2,3Од Него сте и вие во Исус Христос, Кој за нас стана мудрост од Бога, и праведност, и осветување, и откуп,

31Ер 9,24; 2 Кор 10,17; Гал 6,14па да биде, како што е напишано: „Кој се фали, во Господ нека се фали.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help