Судии 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ефтај и Ефремовците

1 8,1-3 Луѓето од Ефремовото племе се собраа, дојдоа во Цафон и му рекоа на Ефтај: „Зошто отиде да војуваш против Амонците, а нас не нѐ повика со себе? Ние ќе го изгориме со оган домот твој со тебе.“

2Ефтај им рече: „Јас и народот мој имавме со Амонците силни караници; јас ве повикав, но вие не ме спасивте од рацете нивни.

39,17Откако увидов дека вие нема да ме спасите, го изложив животот на опасност и тргнав против Амонците, и Господ ги предаде во моите раце; зошто дојдовте сега да војувате против мене?“

4Тогаш Ефтај ги собра сите галаад­ски жители и удри на Ефремовците, и жителите галаадски ги испотепаа Еф­ремовците, велејќи: „Вие сте бегалци Ефремови, а Галаад е помеѓу Ефрем и Манасија.“

53,28; 7,24И галаадчаните ги зазедоа јорданските премини од Ефремовците, и кога некој од унесреќените Ефремовци ќе речеше: „Дозволете ми да преминам“, жителите галаадски му велеа: „Нели си ти од Ефремовото племе?“ Тој ќе одговореше: „Не.“

6Тие ќе му речеа: „Кажи шиболет“, а тој ќе рече: „Сиболет“, и не можеше никако правилно да го изговори. Тогаш тие го земаа и го заколуваа кај премините на Јордан. И во тоа време паднаа четириесет и две илјади луѓе од Ефре­мовото племе.

7Ефтај беше судија над Израил шест години, и умре Ефтај, и беше погребан во еден од галаадските градови.

Есевон, Елон и Авдон

8По него судија над Израил беше Есевон од Витлеем.

9Тој имаше триесет синови, а триесет ќерки од домот свој омажи, додека три­есет ќерки зеде однадвор за синовите свои, и беше судија над Израил седум години.

10Есевон умре и беше погребан во Витлеем.

11По него судија над Израил стана Елон од племето Завулоново; тој упра­вуваше со Израил десет години.

12Умре и Завулонецот Елон и го погребаа во Ајалон, во земјата Заву­лонова.

13По него беше судија над Израил Авдон, син на Хилел од Пиратон.

145,10Тој имаше четириесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет магариња; тој му судеше на Израил осум години.

15И умре Авдон, синот на Хилел од Пиратон, и беше погребан во родниот град, во земјата Ефремова, во гората Амаликова.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help