Плачот 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Молитва на угнетениот народ

1 Ис 63,15 Спомни си, Господи, што нѐ снајде; милостиво погледај и види го сра­мот наш!

2Авд 1,11Наследството наше мина на ту­ѓин­ци, куќите наши – на луѓе од други пле­миња;

3Пс 67,5; Јн 14,18останавме сираци, без татко; мајките наши се како вдовици.

4Ис 55,1Водата своја ја плаќаме за сребро, дрвата наши ги купуваме со пари.

5На вратот имаме јарем, и нѐ гонат; исцрпени сме и не ни даваат да здивн­е­ме.

6Ер 2,18; Ос 12,1Протегаме рака кон Египќаните и кон Асирците, за да се нахраниме со леб.

7Ер 2,5; 7,25; Ез 18,2; Ис 53,6Татковците наши грешеа: нив ги нема веќе, а ние трпиме казна за нивното беззаконие.

8Робовите ни се господари, а нема кој да нѐ избави од рацете нивни.

9Храната си ја набавуваме со страв – пред мечот во пустината.

10Од лут глад, кожата ни поцрнела како печка.

11Жените ни ги бесчестат на Сион, девојките – во градовите јудејски.

12Кнезовите ги изобесија со свои ра­це, лицата на старците не ги почитуваа.

13Момците носеа воденички камења, а децата паѓаа под товари дрва.

14Старците веќе не седат пред портите; момците не пеат.

15Се сврши радоста на срцето наше; нашите ора се претворија во тага.

16Падна венецот од нашата глава; тешко нам, што згрешивме!

17Поради тоа и боледува срцето наше; поради тоа и потемнеа очите на­ши.

18Ис 34,13-15; Ез 13,4; Мих 3,12Бидејќи запусте гората Сион, лисици одат по неа.

19Пс 101,12; 144,13; 145,10Ти, Господи, остануваш вечно; престолот Твој е од род во род.

20Ис 49,14; Пс 43,24Зошто наполно нѐ забораваш, нѐ оставаш долго време?

21Ер 31,18Врати нѐ кон Себе, Господи, и ние ќе се вратиме; обнови ги деновите наши како во старо време.

22Ис 64,8; Ер 14,19; 33,24-26Зар наполно си нѐ отфрлил, зар без мерка си се разгневил на нас?

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help