1 .
40.“
42.“
Повикот до Филип и Натанаил43 12,21; 21,19.22; 3 Цар 19,19; Мт 9,9 На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја и го најде Филип, па му рече: „Врви по Мене!“
44Мт 10,3; 11,21И Филип беше од Витсаида, од градот на Андреј и Петар.
452,1.11; 5,39; 21,2; 5 Мојс 18,18; Ис 7,14; 9,6; Ер 23,5; Ез 34,23; Мт 21,11; Лк 4,21-22; 24,27Филип го најде Натанаил и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишуваше Мојсеј во Законот и Пророците – Исус, синот Јосифов од Назарет!“
467,41А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ Филип му рече: „Дојди и види!“
47Исус, кога го виде Натанаил како доаѓа кај Него, рече: „Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство!“
48Натанаил Му рече: „Од каде ме познаваш?“ Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.“
496,69; 11,27; 12,13; Соф 3,15; Пс 2,7; Мт 14,33; 27,42; Дела 13,33Му одговори Натанаил и рече: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израил!“
5011,40А Исус, одговарајќи, му кажа: „Дали веруваш, бидејќи ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш повеќе од ова.“
511 Мојс 28,12; Дан 7,9-10; Мт 3,16; 8,20; Дела 7,56И пак рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
